Најмоќна во цел Зодијак – Жените родени во овој знак имаат најголемо срце и се полни живот

0

Великодушна, театрална, привлечна, страствена, тврдоглава, упорна, љубезна, лојална, чесна, темпераментна, горделива, полна со живот, родена лидерска…

Таа е ЛАВИЦА!

Со овој хороскопски знак владее Сонцето, средиштето на Универзумот и во склад со тоа, Лавицата обожава да биде во центарот на вниманието и тоа секогаш и оди од рака. Кога е лута, најлесно ќе ја смират комплименти и подароци. Има силен дух и сака да победува, а благодарејќи на својата интелигенција, досетливост и креативност – нејзиниот живот е исполнет со многу победи.

Врски

Независна и со изразена индивидуалност, Лавицата бара партнер кој и самиот ги има овие карактеристики. Не и треба некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да и дозволи таа да блесне со сиот свој сјај. Во врската сака секогаш да има многу забава и динамика – не поднесува рутина и постојано смислува начини како да промени нешто и да ги направи работите малку подраматични.

Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелец, Ваги и Овен.

Пријателство

Благодарејќи на својата топла личност, магичната енергија, ентузијзамот и полетноста, жената Лав ги привлекува луѓето околу себе, а нејзините пријателите неретко и се воодушевуваат. Великодушната Лавица сака да ги разгалува своите пријатели. Никогаш нема да изневери пријател и секогаш ќе биде покрај своите блиски и ќе им прости се освен предавство.

Изглед и стил

Густата и нескротлива коса како гривата на лавот, изразени црти на лицето, големи и топли очи, широко чело, напрчено носе и мали уши се физичките карактеристики по кои е препознатлива Лавицата. Највеќе се гордее со својата густа коса која најчесто е или руса или црвена.

Жената родена во овој хороскопски знак најчесто е висока и има долги нозе и елегантно држење. Секогаш делува уредно, горделиво и урамнотежено. Својот изглед сака да го украсува со накит и други модни додатоци, а ја сака и жолтата и портокаловата боја.

Сака да се истакнува во жолта и портокалова боја, но бојата која ќе ја катапултира во центарот на вниманието е златната боја, епитом на се што Лавицата сака и претставува: топлина, луксуз, театралност, посебност, воодушевување. Секогаш сака работите кои ги носи да се со најдобар квалитет, а кај нејзе не постои моден конформизам – таа сака да носи работи кои ги немаат другите.

Жената-лав може да биде опасна. Таа ги има сите карактеристики на огнен знак и едноставно не можете да ја сопрете. Таа прво го набљудува пленот, го планира нападот и потоа напаѓа. Нема шанси да ја спречите или да ѝ го смените мислењето во врска со нејзините желби. Штом ќе намисли нешто, подобро тргнете ѝ се од патот.

Таа е одлучна и ги остварува сите нејзини желби, но сепак е осамена на врвот. Кралица со толку страст и искра колку што има жената-лав заслужува достојно друштво. Се прашувате што би ве направило вам достоен за неа? Доколку сфатите дека таа треба да биде постојано обожувана, дека не можете да ја запрете и да ја контролирате, на добар пат сте да бидете нејзин придружник во кралството. Не влегувате во врска со жена родена во огнен знак за да ви биде трофеј, туку се врзувате со неа за да го освоите светот заедно, како еднакви.

Пред да почнете со освојувањето, мора да ви биде јасно дека ова нема да биде едноставна задача. Мора да знаете како точно да ѝ пристапите бидејќи тоа е најважната работа која ќе треба да ја направите. Жената-лав не се импресионира лесно. Во состојба е лесно да ви го сврти грбот доколку не успеете во тоа. Запомнете дека таа се доживува себеси како кралица и лесно може да ги поткрепи нејзините ставови со долгата листа на успеси. Таа не само што секогаш размислува, таа знае, па мора да знаете и вие.

Самодовербата е клучот за сè кога станува збор за неа. Пристапете ѝ со самодоверба и со мала скромност. Забележете ги нејзините вредности и кажете ѝ ги. Ласкањето ќе ви овозможи да го постигнете она што го сакате со лавицата. На лавовите никогаш не им е доста од внимание, комплименти и ласкање. Кога ќе ја поканите на состанок, прво смислете го планот во глава. Таа сака некој што знае кога и каде планира да ја одведе пред тие да тргнат заедно.

Однесете ја каде било. Таа е жена со која владее сонцето, па секакви надворешни активности се добра идеја. Не плашете се да ја однесете на места кои се одликуваат со чувство на елеганција и стил. На вакви места многу е можно таа да се чувствува удобно. Таа сака места на кои може да им ја сврти главата на сите кои се таму. Сака да се покажува, и тоа не само себеси, туку и нејзиниот партнер. Затоа погрижете се секогаш да бидете добро облечени. Првиот состанок ќе значи сè, па потрудете се да изгледате добро, да зборувате убаво и да бидете фокусирани на неа.

Љубовен астролошки профил за женски лавови

Таа е жена која знае како да ги истакне нејзините вредности, без разлика на нејзината финансиска и интелектуална состојба. Ако има 300 денари во џеб, ќе го купи најдоброто за тие пари и ќе се шепури со тоа како да е злато. Таа знае дека златото изгледа добро „покрај“ неа и очекува секој со кого се гледа да може да го забележи тоа. Лавицата дури и не би се гледала со некој што не е толку амбициозен како неа.

За време на првиот состанок таа ќе ве процени добро и нема воопшто да се воздржува да си замине ако не ѝ е интересно. Затоа, не давајте ѝ причина. Прашајте ја што сака во животот и кажете ѝ за вашиот. Кажете ѝ што сакате да постигнете и како планирате да го остварите тоа. Колку повеќе ѝ покажете дека би оделе на различни места за да ги освојувате, толку повеќе таа ќе сака да биде со вас во џунглата.

Реткост е да ја видите сама во шопинг. Таа секогаш оди со пријателките кои не и се толку потребни за совет колку што сака да и даваат комплименти. Во кабината за пробување задоволно ќе се гледа во огледалото од сите страни, а пофалби за нејзиниот изглед и избор ќе доаѓаат од сите страни.

Претходна статијаУтре го славиме светецот кои правеше чуда: Помолете се со овие зборови и ќе видите како животот ви се менува на подобро
Следна статијаСудбината има подготвено изненадувања за два знака – Ќе ви се насмевне среќата оваа пролет