Утре го славиме светецот кои правеше чуда: Помолете се со овие зборови и ќе видите како животот ви се менува на подобро

0

Денеска е Преподобен Герасим Јордански.

Герасим беше родум од Либија. Уште како млад го остави светот и го започна својот подвиг во Тиваидската пустина. Подоцна го посети Ерусалим и се насели крај реката Јордан.

Околу него се собраа многу подвижници, па така се оформи неговиот манастир. Манастирот го одликуваше строгиот типик, а за строгоста на подвижничкиот живот пример даваше самиот Герасим.

Овој познат светител најпрво се учеше на подвижнички живот во Тиваида Мисирска, а потоа премина на Јордан и таму основа обител во која имаше околу седумдесет монаси и која до ден денес постои. За својот манастир постави посебен типик, според кој пет дена монасите поминуваа по келиите плетејќи кошници и рогозини; внатре не ложеа оган, а јадеа само по малку сув леб и урми.

Кога излегуваа од своите келии ги оставаа отворени за да може секој кој би влегол внатре да си земе што сака. Во сабота и во недела се собираа во манастирската црква, имаа заедничка трпеза, со вариво и со малку вино во слава Божја. Тогаш секој монах ќе донесеше и ќе го положеше пред нозете на игуменот она што го изработил во изминатите пет дена. Монахот имаше само по една облека.

Свети Герасим им беше пример на сите. За Чесниот Пост не јадеше ништо освен што се причестуваше. Еднаш виде лав како рика од болка бидејќи имаше трн во ногата. Герасим пријде, се прекрсти и му го извади на ѕверот трнот од ногата. Лавот толку се скроти, што појде по Старецот во манастирот и остана таму до неговата смрт, а кога умре Старецот и лавот загина од болка по него.

Свети Герасим учествуваше на Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, во времето на Маркијан и Пулхерија, па иако и тој најпрво клонеше кон монофизитската ерес на Евтихиј и Диоскор, на Соборот се покажа како голем поборник за Православието. Од таа ерес го одврати Свети Ефтимиј. Од учениците на Св.

Тој долго поживеа, хранејќи се со непресушната божествена светлина, и се упокои во длабока старост во 475 година.

Денеска кажете ја оваа молитвa:

Како пустински жител во телото на Анѓелиот и и чудотворецот, ни покажа дека си Бог наш.

Пост, бдеење и молитви, небески дарови примаш, исцелувајќи им ги болестите на оние кои со ти доаѓаат.

Слава на Оној кој ти даде сила кој те испрати и низ тебе да не дарувба со исцелување. Амин!

Претходна статијаОва се 4-те најмоќни знаци: Само во овие хороскопски знаци се раѓаат луѓе создадени за успех
Следна статијаНајмоќна во цел Зодијак – Жените родени во овој знак имаат најголемо срце и се полни живот