Мрачната тајна на Драган Којиќ – Кеба: Тој има вонбрачна ќерка која никогаш не ја запознал ФОТО

0

Ова е вонбрачната ќерка на Кеба, која пејачот никогаш не ја запознал

Српската пејачка ѕвезда Драган Којиќ-Кеба, и свекор на Северина, има голема мрачна тајна. Тој пред пет години се развел од сопругата Оља со која бил 20 години во брак, но се уште живеат заедно

Којиќ имал кратка љубовна врска со српската писателка Љиљана Јевремовиќ(43), со која денес има 18-годишна ќерка Ина.

Севериниот свекор со години тврди дека детето не е негово, меѓутоа судот во Стразбур, пресудил дека тој е татко и за тоа девојката редовно добива алиментација.

– Тоа беше голема грешка и затоа скапо ја плаќам. Пријателите се шегуваат на моја сметка, и зборат дека таква жена не би имале ни преку седум јоргани … Јас исто така мислам, но тоа се случи. Никој не е совршен. Сепак, на вистинските швалери такво нешто не може да им се случи.

Исто така, нормална и интелигентна жена такво нешто не би направила. Сè беше планирано и изведено но, секако не по моја волја. Едноставно, тоа беше зона на самракот, рече Кеба пред четири години за српското издание на Story.

Таткото на Игор Којиќ изјави дека Ина легално е негова, но интимно тој вели дека тоа не е така. Тој тврди дека Љиљана Јевремовиќ испраќа заканувачки пораки кон неговото семејство, и дека неговиот син Игор и ќерката Наташа исто така добивале телеграми.

– Кога нормален човек ќе прочита се ќе му биде јасно. Нејзината намера е да го уништи моето семејство и кариера, рече Кеба, чија жена сопругата Оља му ја прости прељубата.

Сепак, двојката се разведе во 2013 година, но тие никогаш не се преселија и живеат како и порано. Којиќ минатата година го има истетовирано името на сопругата, а неодамна изјави дека планира потворно да се ожени со неа.

Судскиот спор помеѓу поранешните партнери траел со години, но на крај Лилјана докажала дека Ина е ќерка на Кеба. И покрај ова, тој никогаш не ја запознал својата вонбрачна ќерка, бидејќи не сакал.

Претходна статијаДамата во овој хороскопски знак е најверна – ако ја имате во својот живот, чувајте ја
Следна статијаЕден хороскопски знак го очекува голема сума на пари – Неделен хороскоп