ФОТО Денес живее во луксузна вила, а вака изгледа трошната куќа во која израснала Сека Алексиќ

0

Српската пејачка Сека Алексиќ сега живее во луксузно опремена куќа, но не секогаш било така.

Пејачката после војната која ја затекнала во Зворник, побегнала во село Липолист, покрај Шабац каде некое време живеела во беда.

Ова село Сека не го заборавила, мештаните велат дека таа го посетила неколку пати, а за нејзиното семејство имаат само пофални зборови.

Нивната мајка со мака ги одгледала и често се селеле, тие најпрвин живееле во една соба во школската барака која повеќе ја нема, а потоа се преселиле во една мала куќичка.

Сека Алексиќ признала дека како дете многу не се радувала за празниците затоа што уште од 14 години морала да почне да пее и да работи, па додедка нејзините врсници размислувале за подароци,таа спремала репертоар за настапи.

Имаше моменти кога бев тажна затоа што моите врсници славеа со семејствата, добиваа подароци и веруваа во Дедо Мразл. Не размислував за празниците затоа што морав да заработувам за себе и семејството. Радост ми претставуваше доаѓањето на мојата тетка во Белград од Австрија која ни носеше пакетичиња, додека мајка ми спремаше трпеза.

За Божиќ отсекогаш морало да има се’ на трпезата, без разлика на финансиите, па тоа беа ретки моменти кога можевме да си приуштиме вкусна храна. Мојата мајка е одлична готвачка и знаеше како од малку состојки да спреми богата трпеза. Тоа беа денови полни со насмевки, шеги и песни. Навечер морав да одам на настап, рекла Сека која во својот дом покрај Божиќ, славела и Бајрам.

Татко ми беше православен христијанин, а мајка ми муслиманка. Растена сум и воспитувана во тој дух да ги почитувам и тие и тие празници, но имав слобода сама да бирам што сакам да славам. Ги почитувам и сакам сите вери на овој свет затоа што сите не учат на едно, а тоа е дека Бог е љубов, заклучила Алексиќ.

-Немаа многу пари, но нејзината мајка секогаш беше насмеана. Сека беше добар ученик и сакаше да пее. На сите ни е драго што успеа, таа тоа го заслужува- раскажал еден од селаните.

Претходна статијаКацарска: Камчев ми е куќен пријател, ќерка ми работи кај него 10 години
Следна статијаПо шпекулациите дека заедно со сопругата на Шабан земале 400.000 евра за настапи однапред, се огласи и менаџерот на Шаулиќ