Сека Алексиќ признала дека како дете многу не се радувала за празниците затоа што уште од 14 години морала да почне да пее и да работи, па додедка нејзините врсници размислувале за подароци,таа спремала репертоар за настапи.
Имаше моменти кога бев тажна затоа што моите врсници славеа со семејствата, добиваа подароци и веруваа во Дедо Мразл. Не размислував за празниците затоа што морав да заработувам за себе и семејството. Радост ми претставуваше доаѓањето на мојата тетка во Белград од Австрија која ни носеше пакетичиња, додека мајка ми спремаше трпеза.
За Божиќ отсекогаш морало да има се’ на трпезата, без разлика на финансиите, па тоа беа ретки моменти кога можевме да си приуштиме вкусна храна. Мојата мајка е одлична готвачка и знаеше како од малку состојки да спреми богата трпеза. Тоа беа денови полни со насмевки, шеги и песни. Навечер морав да одам на настап, рекла Сека која во својот дом покрај Божиќ, славела и Бајрам.
Татко ми беше православен христијанин, а мајка ми муслиманка. Растена сум и воспитувана во тој дух да ги почитувам и тие и тие празници, но имав слобода сама да бирам што сакам да славам. Ги почитувам и сакам сите вери на овој свет затоа што сите не учат на едно, а тоа е дека Бог е љубов, заклучила Алексиќ.
Пред некој ден пејачката среде емисија изјави: „Јас морам да го напуштам студиото“-рече пејачката.Прво, сите беа изненадени, но која Сека кажа зошто, студиото ечеше од смеа.„Леле, морам на пауза. Многу ми се оди во тоалет“-рече Сека.Сека Алексиќ беше гостинка во емисијата на Сања Маринковиќ и среде гостување изговори една реченица која сите ги изненади, но и ги насмеа.
Соседите на Сека Алексиќ открија дека пејачката не е вообразена и дека нејзиниот син Јаков расте со децата на негова возраст.„Кога има некоја прослава, Сека ги поканува сите деца од населбата. Моите деца одат таму, им дава играчки, колачи, сокови и ручек. Уживаат кај Сека. Таа и Вељко се родители и соседи за пример“ вели еден од соседите и додава дека не се точни гласините дека Сека е вообразена.
„Нема баба кој ќе помине низ улица, а Сека да не ја поздрави. Многу е љубезна, пријатна и нормална“.Пофални збори за Алексиќ имале и вработените во авто – сервис.„Таа и Вељко се многу културни, пристојни и фини, секогаш се поздравуваат со нас. Ја гледаме со синот како шета. Порано и го средувавме автомобилот, но сега имаат автомобил со гаранција“ изјави механичар.
Вработените во маркет немале лоши зборови за пејачката.