Дарко Лазиќ откри дека поранешната жена со која е во процес на развод била неверна, а сега се огласи и Ана Севиќ која не сакаше да му остане должна.
Штом видела дека Дарко во интервју раскажал дека го изнневерила, Ана Севиќ се огласи на својот Инстаграм профил со порака која и тоа како може да му ја упатила нему.
Ако мене ме прашувате што е најдобра одмазда, јас велам среќата, бидејќи луѓето полудуваат кога ќе ве видат среќни – порачала Ана Севиќ.
Дарко Лазиќ во интервју раскажал дека Ана Севиќ го изневерувала со сегашното момче Данијел.
Дарко Лазиќ во интервју за српски „Блиц“ открил дека наскоро ќе биде слободен човек затоа што со Ана Севиќ успеале да најдат заеднички јазик и ги закопале секирите, но свадбата со Марина Гагиќ ќе мора да ја одложи за следната година поради раѓањето на синот.
Според Блиц, откако се вериле, парот почнале да го спремаат домот и да го реновираат.
Куќата ја направив за мене и Марина, се работи на неа и ќе биде готова до лето. Од овде не мрдам, тука е мојата база, мојот скромен дом, мојот мир.
Градот не ми е далеку, родителите ќе ми помогнат околу детето, но и нејзините родители исто така, открил Дарко кој наскоро ќе стави точка на бракот со Ана со која ја има ќерката Лорена.
Работиме на разводот, наскоро и тоа ќе биде решено. Постигнавме договор околу старателството над Лорена, така што се ќе биде во ред, додал пејачот.