Зорица Брунцлик не може да се помири со загубата – Неутешна е после смртта на својот кум

0

поред неофицијални информации, популарниот пејач Шабан Шаулиќ, кој го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во понеделникот, сам излегол од автомобилот и влегол во возилото на брзата помош.

Меѓутоа, од ударот му пукната срцевата аорта, а поради компликациите починал во болница. По обдукцијата која ќе се изврши во четврток ќе бидат познати повеќе детали, пренесува порталот „Курир.рс“.

Кралот на народната музика, како што го нарекуваа медиумите, настапи во дискотека во Германија, ги забавувал гостите до доцна во ноќта, а неколку часа по заминувањето од клубот, загина на патот до аеродромот.

Зорица Брунцлик меѓу првите дошла во домот на Шаулиќ кога дознала за несреќата, односно дека нејзиниот кум Шабан починал во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Пејачката со сопругот уште во истиот момент дотрчала во куќата и не можела да ги запре солзите, а овие два дена, додека вдовицата Гордана и децата го чекаат телото на покојниот пејач да биде донесено во Белград, Зорица не се одвојува од нив.

Српските новинари пишуваат дека денес кога влегувала во куќата целата била потечена од плачење, а на себе носела качкет и темни очила за да ги сокрие тажните и уморни очи.

Како и претходните два дена, немала сили да зборува јавно за смртта на својот сакан кум и со трчање влегла во нивниот дом на Дедиње за да ја теши сопругата на Шабан, Гоца, со која исто така е многу блиска.

Претходна статијаНашите срца се делат на пред и после тебе, остана само жал – Ќерките на Шабан Шаулиќ се простија од татко им со неговите познати стихови
Следна статијаВозачот на автобусот кој заврши во провалија го напуштил својот дом во Гостивар