Сопругата на Шабан го барала на телефон, ама бил недостапен, од кумот дознала за кобната вест

0

Денеска, недела (17.02.2019) во трагична сообраќајна несреќа во Германија почина легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ. Како што пишува српски „Блиц“, семејството на Шабан безуспешно се обидувало да го добие на телефон, кога требало веќе да биде на аеродром.

Сопругата Гордана го барала за да го пречекаат во Белград кога ќе стета, но бил недостапен. Како што пишува српскиот портал, на семејството Шаулиќ им се јавил кумот кој им ја соопштил кобната вест, дека во болница по сообраќајката на Шабан му откажало срцето и починал.

Менаџерот кој синоќа го организирал настапот на пејачот, Богдан Марката, се огласил и кажал што точно се случило во болница.

-Пробале да го вратат во живот, но не успеале. Смртта се случила во болница и починал од срцев удар. Срцето го напушптило. Во контакт сум со неговото семејство од Хамург, ние сме сите тука.

Беше како и секогаш расположен, но немаше знак дека такво нешто ќе се случи. За жал, таква е судбината – рекол за „Премијер викенд специјал“ неговиот менаџер.

Како што информираат германските медиуми, пијан возач со автомобил од марката „маздљ“ удрил во неговиот автомобил. Иако лекерите дале се од себе да го спасат кралот, не успеале.

Инаку, пејачот веќе неколку години имаше проблем со срцевата аорта, по што му беше направена успешна операција од која закрепна и му се врати на нормалниот живот и настапите. Во една прилика за медиумите по таа операција изјави:

„Опериран бев од таа пуста аорта, а со мене беа сопругата и ќерката Санела. Беше и нејзиниот сопруг Бата Мирковиќ кој е најдобриот зет на светот.

Кога ми беше тешко, тој беше постојано крај мене. Доаѓаше на посети, а заминуваше последен. Тој ми е повеќе од роден син, искрено откри тогаш Шаулиќ.

Претходна статијаСе уште ми одѕвонуваат неговите зборови во главата: Ден пред несреќата Шабан вака и се обратил на Сека
Следна статијаСега девојките јавно го понижуваат: Огњен Врањеш посрамотен на Инстаграм (ФОТО)