Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш се најде во центарот на вниманието благодарение на аферата со поп-пејачката Јелена Карлеуша, која повеќе од еден месец ги полни страниците на домашните, но и на регионалните таблоиди.
Изгледа неговиот обид да ја „понижи“ пејачката, тврдејќи дека голите фотографии што ги преплавија медиумите се нејзини, не наиде на поддршка и одобрување кај голем број девојки, кои сега јавно го понижуваат.
Имено, една атрактивна девојка, која се занимава со фитнес, на својот инстаграм-профил објави порака за која тврди дека и’ ја испратил женетиот Врањеш.
Изгледаш топ“, напишал фудбалерот, но не добил повратен одговор, но затоа добил објава на профилот на девојката, со коментарот:
Пријателе, во погрешна црква си нашол да се молиш!“.
Во аферата, сопругата Данијела, мина најлошо. Иако тие се заедно од шесто одделение на основно училиште и таа е навикната на сите негови тајни комбинации и прељуби, скандалот што се случи со Карлеуша целосно ја скрши.
Сето ова многу ја променило и за првпат по повеќе од 15 години љубов нивната врска сериозно се разнишала, изјавува еден извор близок до семејството Врањеш за српски Ало, и смета дека промената на Даниела го погодила Огњен.
„Во текот на сите тие години, Огњен беше навикнат Данијела да преоѓа преку сите негови глупости. Особено откако ја добија ќеркичката. Тој влегуваше од прељуба во прељуба, а таа остана во тој брак и страдаше затоа што сакаше нивната ќерка да расте со двата родители.
Затоа не очекуваше дека неговата врска со Јелена ќе влијае на неговиот брак. По порно-скандалот и притисокот од јавноста, Даниела беше се’ помалку и помалку заинтересирана за комуникација со Огњен. Се слушаа на неколку дена, а нивната комуникација беше сведена на минимум и само се зборуваше за ќерката
Ова го исплаши, и конечно сфати дека не сака да ја изгуби, па реши да се промени. Ја замоли Даниела да не се откаже од своето семејство и да му даде уште една шанса. Тој ѝ рекол дека сака да добиат и второ дете и дека долго време размислувал за тоа. – рекол изворот, додавајќи дека по неколку дена размислување, Даниела се согласила со идејата на нејзиниот сопруг.
Иако во почетокот не го сфати сериозно она што Огњен ѝ го рекол, убедувањето траело со денови. Кога го посетиле со ќеркичката во Белгија, Даниела решила да заборави на сето она што се случило и за последен пат да му даде шанса на нивниот брак.
„Таа му објасни на својот сопруг дека мора да го промени својот живот од корен, но и дека сака второ дете. Тој вети дека ќе стори сé за да биде најдобриот сопруг и татко, и како што изгледа сега, по неколку години очајни семејни односи, почнаа да се враќаат на вистинскиот пат. Сите нивни долгогодишни пријатели се радуваат на помирување и ги очекуваат добрите вести од штркот“ – заклучува изворот за Ало.