Се огласи Сани по анкетата за непостоечката манекенка: „Затоа сме бедна држава и тонеме се подлабоко“

0

Макдонската фолк-пејачка Сања Сани Гроздановска беше една од јавните личности кои одговорија на анкетатата на 1ТВ за непостоечката манекенка Бјанка Мизел, за која Сани рече дека е супер и дека е прекрасна.

Не е лесно да си позната и јавна личност. Се следи секој нивен чекор како од професиналниот така и од приватниот живот и постојано се под будното око на јавноста.

Деновиве главна тема во неколку македонски медиуми е анкетата на познатите јавни личности во која зборуваат се најдобро за манекенка која не постои.

Имено, екипата на „Ексклузив“ на едно модно случување направи анкета со познатите дали го познаваат моделот Бјанка Мизел.

Во анкетата се најдоа Сања Сани Гроздановска, Симона Поповска, Јоце Панов…кои одговорија дека ја познаваат и дека им се допаѓа нејзината кариера.

„Супер е, прекрасна е“ изјави Сани за моделот кој не постои.

Како една од оние кои „паднаа во замката“ фолкерката одлучи да се огласи, по сите исмејувачки коментари:

„Колку биле желни луѓето за исмејување и фаќање сеир….затоа сме бедна држава и тонеме секој ден подлабоко. Секое чудо за три дена. Тие што не ме познаваа, ме дознаа. Добредојдовте во шоубизнисот.

П.С. Споделувајте го постот повеќе пати ве молам“ напиша Сани на социјалните мрежи“, напиша Сани на Фејсбук.

Претходна статијаЦеца го отвори срцето: Само тој ми доаѓа на сон кога ќе ми биде тешко
Следна статијаИспливаа нови детали за Турчинот кој ја предизвика кобната несреќа – пијаниот Алсин ја украл маздатa