Семејството е во шок и неверување по трагичната смрт на Шабан Шаулиќ во тешката сообраќајна несреќа во Германија.
По тажните вести во домот на Шаулиќ започнаа да доаѓаат членовите на поширокото семејство, неговите колеги и пријатели.
Семејството Шаулиќ е завиено во црно после смртта на Шабан, а додека пејачот бил на турнеја во Германија каде и почина најблиските се спремале за прослава, односно за дочек на роденденот на Санела, една од ќерките на фолкерот.
За потсетување, Шабан почина во болница после тешка сообраќајна несреќа во Германија на 67- годишна возраст. Зад себе освен Санела, ја остави и ќерката Илда, како и синот Михајло.
Санела и Михајло веднаш штом дознале за несреќата отпатувале во Германија, а во моментов се врши обдукција врз телото на Шаулиќ.
Семејството на Шабан Шаулиќ по ужасна несреќа се огласи на социјалните мрежи и побара достоинствено да се испочитува нивниот сопруг,татко, дедо, кум,пријател.
Имено, само неколку часа по веста за смртта на Шабан Шаулиќ, неговите ќерка и го напуштија семејниот дом на Дедиње и се упатија кон белградскиот аеродром „Никола Тесла“ вчера попладне.
Вчера веднаш за Германија заминаа неговиот син и ќерка, сега во домот на Шаулиќ е неговата сопруга.
Гога Шаулиќ уплакана, бледа и облечена во црно рекла дека имала пречуство дека нешто лошо ќе се случи.
„Што да ви кажам, плачам од вчера.Ви благодарам на сочуството, но не можам да поверувам што се случи, го нема веќе…!“рекла таа за српски Курир.
„Ми ѕвонев неколку пати во неделата, како да имав чувство дека нешто ќе се случи.Не можам да зборувам сега“ рекла Гоца