Денеска, недела (17.02.2019) во трагична сообраќајна несреќа во Германија почина легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ. Како што пишува српски „Блиц“, семејството на Шабан безуспешно се обидувало да го добие на телефон, кога требало веќе да биде на аеродром.
Шабан Шаулиќ утринава загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Како што пренесува „Свет“, несреќата се случила во Билефелд, во северозападна Германија, каде што популарниот пејач одржал настап.
Менаџерот што го организирал настапот на „кралот на народната музика“, како што го нарекуваа медиумите Шабан Шаулиќ, Богдан Маркат, се огласи и откри што се случило во болницата:
Се обидоа да го вратат во живот, но не успеаја. Смртта се случи во болницата и почина од срцев удар. Го напушти срцето. Во контакт сум со неговото семејство во Хамбург, сите сме тука. Како и секогаш, беше одлично расположен и немаше знаци дека би можело да се случи вакво нешто. За жал, судбината сакаше така“, изјави Богдан.
Беше како и секогаш расположен, но немаше знак дека такво нешто ќе се случи. За жал, таква е судбината – рекол за „Премијер викенд специјал“ неговиот менаџер.
Како што информираат германските медиуми, пијан возач со автомобил од марката „маздљ“ удрил во неговиот автомобил. Иако лекерите дале се од себе да го спасат кралот, не успеале.
Како што се наве3дувам во полицискиот извештај две возила излетале од патот и удриле во банкина.
За оваа страшна сообраќајна несреќа известуваат и германските медиуми кој беа на лице место.