Огнен Врањеш: На суд ќе го пуштам домашното видео со Карлеуша

0

Босанскиот фудбалер Огнен Врањеш одлучил да докаже дека сите пораки, фотографии и видеа се вистините и дека истите ги добил од својата екс љубовница Јелена Карлеуша.

Последниот месец актуелна тема во сите медиуми во регионот беше наводната порно афера на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер, Огњен Врањеш.

Имено, во медиумите се појавија експлицитни фотографии на кои наводно е српската ѕвезда, а кои наводно ги праќала на Огњен.

Карлеуша ги демантираше пишувањата дека имала нешто со колегата на нејзиниот сопруг истакнувајќи дека се е фотомонтажа и дека босанскиот фудбалер сакал да има нешто со неа.

По големиот скандал, Карлуша заедно со ќерките замина кај својот сопруг во Кина каде го прославија неговиот роденден.

По враќањето, таа не сакаше да дава никакви изјави за медиумите. По неколку снимања на „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша замина во Дубаи каде се наоѓаше нејзиниот сопруг, па на социјалните мрежи често споделуваше заеднички фотографии.

Од Дубаи, Карлеуша замина на настап во Берлин, а по нејзиното враќање на својот „Инстаграм“ се обрати до медиумите исктанувајќи дека поднела тужби.

„Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод. Се што е досега објавувано од страна на медиумите, како моја изјава, изјава на мојот сопруг, член на моето семејство, апслутно е измислица.Пред мене стојат правни полномоштва за 120 тужби кои ги поднесов кон српските медиуми поради страшна нечовечна антикампања.

Удрија на моето име, моето достоинство, моето семејство, на моите деца, сопругот, мајката.Овде не станува збор за медиумско известување туку за грубо навредување, напад полн со лична омраза, зло и желба за одмазда“ вели Карлеуша во соопштението.

-Ќе ја уништам, го чекам судењето! Имам докази дека Јелена е на секоја објавена фотографија и снимка, и дека сите пораки таа ги напишала. Нема збор за фалсификат, порачал фудбалерот Врањеш.

Босанскиот фудбалер многу се налутил кога дознал дека Јелена Карлеуша поднела тужба против него, по што одлучил на суд да го прикаже нивното заедничко видео во кревет! Фудбалерот на Андерлехт бил згрозен што неговата поранешна љубовница и понатаму негира дека тие биле во врска и дека сите пораки и слики кои тие двајца ги разменувале а се појавиле во јавноста се невистините. Поради тоа решил се да докаже на суд.

-Ќе го донесам видеот на суд. Ќе ја уништам, едвај го чекам судењето. Имам докази дека Јелена е на секоја објавена фотографија и снимка!Сите пораки таа ги напишала. Нема збор за фалсификат, му се доверил Огнен на еден свој пријател.

Според добро информираните извори станувало збор за експлицитно видео на кое Јелена покажала се што знае и умее во креветот.

-Во тоа видео Јелена се потрудила да покаже се што знае и умее во кревет. Јавноста ќе биде изненадена, изјавил анонимен извор близок на Јелена и Огнен.

Фудбалерот дури бил подготвен да ангажира вешто лице за да докаже дека сите пораки, снимки и експлицитни фотографии кои ги добил се од телефонот на Јелена Карлеуша.

Претходна статијаФерди Касо од Гостивар, 15-тата жртва на трагичната несреќа на 13 февруари
Следна статијаНајнови детали: Во болницата „8-ми септемви“ 19 пациенти: 14 се во стабилна состојба, а петмина се борат за живот