Аца Лукас налетал со автомобилот на автобус, после што избегал од местото на настанот.
Како што дознаваат новинарите, незгодата се случила во понеделникот 4 февруари кога Лукас налетал на задниот дел од автобусот.
Во таа прилика Аца го искршил ретровизорот, излегол од џипот, ги собрал скршените остатоци и се оддалечил од местото. Возачот за незгодата ги известил надредените, после што стигнала полицијата и извршила увид.
Ведаш после поа полицијата го пронашла Лукас на местото на престој, каде зеле негова изјава.
Како што се дознава, Лукас нема да одговара за незгодата, бидејќи автобусот не е оштетен. Штетата е направена на автомобилот на Лукас.
Во 2003 година, Аца Лукас бил уапсен и осуден на четири месеци затвор, како дел од полициската операција „Сабја“, бидејќи тој неовластено поседувал пиштол. Тој, исто така, имал проблеми со коцкањето и конзумирањето на дрога која го отстранила од јавните настапи во следните две години.
На 3 февруари 2009 година Аца Лукас бил повреден во Белград од огнено оружје. Бил застрелан додека бил на паркингот во Гандиевата улица во Нов Белград, во десната нога, но бил надвор од животна опасност, и бил префрлен во ургентниот центар