Неделава ќе биде лоша за неколку хороскопски знаци – Еве кој да се чува од пријателка

0

Овен

Некакви промени се нагласуваат изминативе недели. Во текот на оваа и идната недела, ќе се расчисти некоја неизвесност. Тоа значи дека и вашите финансии ќе се стабилизираат. Работата подразбира дека ќе бидете повеќе во движење или патување – било за работа или до подалечно работно место. Внимавајте со кого се здружувате или што потпишувате. Многумина ќе размислуваат за почеток на приватен бизнис, но за сега само собирајте информации.

Бик

Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно време е да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.

Близнаци

Како резултат на одредени пречки или опструкции, ќе морате да барате мудри заобиколувања и да го контролирате своето однесување. Доволно е само да не ја расфрлувате вашата енергија, обидувајќи се да ги прибрзувате работите; на тој начин само ќе се исцрпите себеси. Наместо тоа, фокусирајте се на можноста за подобро поврзување со вашите партнери и блиски пријатели, на спонтан и иновативен начин.

Искористете ја можноста да пронајдете решенија за некои хронични проблеми кои ве прогонуваат подолго време. Ќе биде потребно да гледате на работите од друга перспектива. Или пак можеби во разговорите со пријателите ќе имате блесоци на брилијантни идеи за справување со актуелните прашања и теми.

Рак

Можеби ќе чувствувате потреба да застанете во одбрана на вашите идеи, убедувања и ставови. Ќе имате впечаток дека другите не се согласуваат со вашиот светоглед, но навистина е тешко да се обидувате да ги менувате туѓите емоции и чувства, а посебно ако тие се вградени во камен.

Ако се обидувате да го направите токму тоа, ќе станете фрустрирани и анксиозни. Мудро би било да се фокусирајте на личностите кои ги споделуваат вашите ставови и гледишта. Од никаде би можеле да се појават некои радикални и прогресивни нови идеи. Од друга страна, можете да очекувате подобрувања на материјално и практично ниво.

Лав

Ситуациите се менуваат и бараат од вас интелектуално да се ангажирате. Тоа нема да ви биде тешко. Од четврток имате идеи кои многу брзо можете да ги материјализирате. Кој повеќето, финансиската состојба се зголемува. Сепак, внимавајте на парите и што потпишувате. Секако, можете да сметате на нечија подршка. Внимавајте на млади и премногу амбициозни личности кои сметаат дека сте им конкуренција па можеби и да ве саботираат.

Девица

И покрај фактот дека некои од вас премногу сериозно гледаат на своојата животна ситуација и имаат потешкотија да ја подигнат својата креативност, сепак оваа недела би можела да биде многу поучна, па дури и забавна. Доволно ќе биде само да ги избегнувате аргументирањата кои не водат никаде и ве држат во инертна точка.

Од друга страна, ова е одличен период за здружување и унапредување на односите со вашите соработници; треба да бидете повеќе интерактивни и иновативни. Кој вели дека не можете во исто време и да работите и да се забавувате?
Вага

Ова е вашата недела. Неделава ќе ви донесе ентузијазам, добро расположение, желба за напредување и нови успеси. Одете на некое патување или испланирајте нешто такво. Не дозволувајте си себе си да се насочите само на една работа, на работа или љубов пред да се усогласите. Потребно е да имате план, за сепак да не си направите проблем со сите желби што ги имате. Односот со партнерот се подобрува, а и вие ќе почуствувате засилена потреба за заеднички живот.

Скорпија

Оваа недела ќе имате повеќе енергија од вообичаено. Добро се чувствувате. Немојте да бидете премногу крути во некои ставови поврзани за работата, попуштете малку за да почнете да ги завршувате обврските. Што се однесува до љубовта, немојте да криете некои работи од партнерот.

Слободните може да влетаат лесно во авантура. На некое патување внимавајте каде го оставате паричникот и докум ентите, особено во превозот, во сообраќајот. Добро ќе ви дојде диета, не претерувајте со зачинета храна.

Стрелец

Не оптоварувајте се премногу со тоа што мислат другите за вас. Можеби ќе имате помал застој на работното место, но дајте се од себе си и повеќе потрудете се за да ги надминете сите препреки. Бидете пријатни кон соработниците. Дури иако нешто не ви се допаѓа кај некоја личност со која што работите, не морате секому се да кажете во лице. Напнати сте, но напнатоста ќе се намали до крајот на неделата.

Сакате да воведете некои промени на работното место. Дружете се повеќе со пријателите. Преку интернет или преку пријателите може да запознаете некоја занимлива, весела личност. Зафатените, треба да му приредат некое изненадување на партнерот.
Јарец

Некоја женска личност може да ви биде од помош на работното место. Птрудете се да се фокусирате на работата и на соработката. Ако се занимавате со уметност се ќе оди многу полесно. Можен е зголемен обем на работата. Склони сте кон флерт. Зафатените не треба да го запоставуваат партнерот поради работата. Можни се проблеми со грбот и со циркулацијата.

Водолија

Неделава можни се проблеми со техниката или некои помали дефекти. Ова не е добар период за купување нови предмети за во домот. Потрудете се да одите на некое пократко патување. Растоварете се некако. Очекувајте поддршка од партнерот во врска со работата. Слободните би било најдобро оваа недела да не влегуваат во некои сериозни приказни туку да се опуштат и да се посветат само на работата. Позитивни сте и одлично се чувствувате, а така ќе биде во текот на цела недела.

Риби

Прилично сте напнати поради работата. Подобра е соработката со жените отколку со мажите. Немојте да им позајмувате пари на другите. Зафатените не треба да влегуваат во расправии со партнерот. Ова не е добар период за решавање на било какви конфликти затоа што само ќе си направите поголем проблем. Оставете да помине оваа недела, да се смират страстите. Слободните се страствени и склони кон авантури.

Претходна статијаНајголеми наивци: Без проблем на овие хороскопски знаци можеш да им продадеш лага
Следна статијаЦелосно уништен автомобилот во кој загина Шабан Шаулиќ