Целосно уништен автомобилот во кој загина Шабан Шаулиќ

0

Се појавија фотографии од местото на несреќата, во која загина популарниот српски печај на народна музика, Шабан Шаулиќ

Автомобилот е целосно уништен

Шаулиќ не го возел сам автомобилот, туку друг возач.

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Ѕвездата на народната музика во автомобилот, според неофицијалните информации бил со возачот и кумот, а несреќата се случила во околината на Билефилд каде пеел.

Според Блиц, Шаулиќ настрадал во северозападниот германски град Билфилд.

Телевизија Пинк пренесува дека сообраќајната несреќа се случила утрината околу 7 часот, а со него во автомобилот бил неговиот кум, Слободан Стојановиќ Боби, кој исто така е тешко повреден.

Шаулиќ е превезен во најблиската болница, лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат, потврдено е официјално за дел од српските медиуми.

Претходна статијаНеделава ќе биде лоша за неколку хороскопски знаци – Еве кој да се чува од пријателка
Следна статијаОва е местото на несреќата во која загина Шабан Шаулиќ – автомобилот смачкан, глетката страшна