Најстарата ќерка на Шабан не издржа – се држеше цврсто но потоа падна на колена и викаше на цел глас

0

Ќерката на покојниот Шабан Шаулиќ, неговата најстара Санела, отиде во Германија каде татко и почина во страшна несреќа.

Санела со братот Михајло е во Германија каде ги зеле сите предмети на Шабан, а ги чекаат и посмртните останки.

Иако цврсто се држела, имала нервен слом кога и ги предале работите од татко и во болницата, каде и покрај напорите на лекарите, не му го спасија животот.

Санела викала и плачела на цел глас со предметите во рака, а долго братот и лекарите не можеле да ја смират.

Трагедијата тешко го погоди семејството и цел регион.

Семејството би требало да може набрзо да го види телото на покојникот, се наведува во Билефелд, а оттаму велат дека од несреќата до денес институциите се во постојан контакт со генералниот конзул на Србија, кој е информиран за се. На претстаавници на конузлатот и на членови на семејството им бил овозможен контакт со полицијата, со главниот лекар кој го водел тимот уклучен во спасување на настраданите, со државен обвинител, претставници на покраинското Министерство за внатрешни работи.

Танјуг дознава дека главната лекарка рекла дека Шаулиќ сам излегол од колата, бил свесен и зборувал, но не го разбрале, зашто зборувал на српски, но сфатиле дека се жали дека го боли грлото и состојбата му се влошувала.

Поради подготовките за транспорт, според германсите медицински стандарди, лекарите му дале средство за заспивање и го внеле во хеликоптер, бидејќи лекарите процениле дека е најтешко повреден и затоа бил префрлен во најдобрата клиника во Билефелд. Останатите биле пренесени со санитетски возила во други болници.

Во болницата биле околу 8, а сообраќајката се случила нешто пред 7. По реанимацијата морале да му го отворат градниот кош и тогаш виделе дека аортата пукнала, што е невозможно да се санира медицински.

Шабан Шаулиќ починал на 17 февруари во 10 часот и 25 минути, пишува во протоколот.

Лекарите сметаат дека појасот од силниот удар се затегнал и му ја пресекол аортата, изјавила главната лекартка во полиција.

Претходна статијаВистинско Чудо: Станот изгоре а иконите останаа недопрени од пожарот (ФОТО)
Следна статијаГерманските лекари ја открија причината за пукање на аортата на познатиот пејач