Во близина на Зрењанин, во селото Орловат, се наоѓа семејната куќа на Душко Тошиќ, од која мајката на фудбалерот, Николета решила накратко да се отсели.
Таа отишла кај ќерка и Катарина во Зрењанин, бидејќи е во многу лоша состојба поради скандалот со снаа и, Јелена Карлеуша.
Николета е под голем стрес поради срамот на нејзината снаа. Се пресели на кратко кај ќерка и во Зрењанин, за да и биде полесно. Доаѓа само да ја види куќата, и веднаш си оди.
Добро информиран извор близок до играчот вели дека Врањеш е решен и се тоа бидејќи Јелена во еден момент рече дека ако дојде во Белград тој ќе биде протеран.
– Врањеш интензивно прашашувал за вили во Дедиње преку агенции за недвижности, истакна дека најмногу е заинтересиран за куќи кои се блиску до домот на Душко и Јелена. Тој секогаш сакаше да има голема куќа во Белград, по скандалот со Карлеуша, тој сфатил дека е вистинско време да се пазари, бидејќи со тоа ќе убие две муви со еден удар – вели добро информиран извор и забележува дека Врањеш има намера целосно да ја уништи Карлеуша.
Како што тврди изовот на пејачката и било кажано за неговите намери.
– Соседка на Карлеуша кој со години ја продаваше својата куќа, тврди дека Огњен ја барал нејзината вила, а по ова Јелена доживеа нервен слом. Јелена извика: “Дали оваа будала ќе ми се тргне од грбот? Не можам повеќе да го издржам тој скот”! Јелена е под голем стрес, Врањеш како да е опседнат со неа и нема намера да ја остави. Претрпе доволно за него, само тоа и фалеше- заклучува изворот за “Информер”.
Ова е голем срам за семејството Тошиќ, а нас ни е срам било што да ја прашуваме Николета, бидејќи не сакаме да и застануваме на маката. Доста и се непријатности – рекле соседите на мајката на фудбалерот.
Јелена Карлеуша денеска дошла на снимањето на новата емисија на „Ѕвездите на Гранд“. Видно нерасположена и облечена во зелен фустан со чизми над колена на кои има исцртано долари повторно ги одминала новинарите и не била достапна за изјави.
Сепак она што сите успеале да го фатат, по нејзиното излегување од автомобилот е екранот на нејзиниот мобилен телефон на кој е фотографијата на Душко Тошиќ.
Во прашање е слика направена оној ден кога Јелена имала конференција за печат по повод дочекот на 2019 година.