-Луѓе, овој човек е најголема ѕвезда во Србија – Медицинска сестра ги открива последните моменти од животот на Шабан

0

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ почина по тешката сообраќајна несреќа во Германија.

Заедно со Шаулиќ, во возилото кое тргнало кон аеродромот биле и неговиот кум Слободан Стојадиновиќ и музичарот Мирсад Кериќ. СПоред неофицијални информации, тие после настапот во германскиот град Билефилд заминале во хотел, а од таму тргнале на пат за Дизелдорф некаде околу 4 часот наутро, каде требало да стигнат на летот за Белград.

-При судирот, На Шабан му пукнала срцевата аорта и во бесвесна ситуација е пренесен во болница. Таму веднаш бил дочекан од тим на лекари кои се бореле за неговиот живот, вели низ солзи неговиот кум Стојадиновиќ, кој додава дека ништо не ја насетувало ваквата трагедија.

Кога Шабан стигнал во болницата, една од медицинските сестри за која набрзо се дознало дека е од просториите на поранешна Југославија, веднаш го препознала пејачот и вриснала.

-Луѓе, овој човек е најголема ѕвезда во Србија!, викнала кон докторите, меѓутоа стручниот тим, иако дал се од себе, за жал не успеал да му го спаси животот.

Триесет и четиригодишнот возач на автомобилот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ помина само со лесни повреди на рамената, пренесуваат германските медиуми.

Стјадиновиќ се присетува дека пејачот и за време на настапот бил малку нестрплив.

-Цело време додека пееше гледаше во часовникот, па можеби едно пет пати го направи тоа. Како да го влечеше несреќата. Додека се возевме разговаравме за наши луѓе кои живеат тука, зимаат пензија и умираат тука и не гледаат ништо од животот- се присетил тој.

На автомобилот му беа лоши светлата па Шабан го забележал и тоа, па Мирсад ги вклучил долгите светла.

-Не сврзавме ни пет реченици и одденаш бум.Имаше рбота на патот, од три ленти се поврзуваа во една.Од позади налета автомобил на нас, а Мирсад кој возеше се обидуваше да закочи. Седев зад Шабан, а зад Мирсад беше сајзерот, а велат дека баш од инструментот добил тежок удар во главата.Од силниот удар целиот багажен простор е згмечен- раскажал Стојадиновиќ.

Неколку пати се онесвестувале и се буделе додека пожарникарите се обидувале да ги извадат од автомобилот.

– Прашав каде е Шабан, а потоа се онесвестив.Кога се освестив видов дека има неколку екипи на Брза помош, ги прашав докторите дали се добри Мирсад и Шабан, ми рекоа дека ги возат во друга кола- се присетува тој.

Сопругата на Шабан непрекинато ѕвонела на телефон.

– Ѕвонеше можеби 50 пати, и мојот и телефонот на Шабан ѕвонеа нонстоп.Се јавив и ме праша каде сме, зошто така зборувам, и кажав дека имавме несреќа, но Шабан не е покрај мене, тогаш настана хаос.

Кумот на Шабан не е во животна опасност, но претпел неколку повреди.

-Имам скршено 6 ребра, ми пукна и пршлен на вратот и ми оштетил артерија, не можам да се помрднам од кревет.Забите ми се сите напукнати, не можам да се помрднам- раскажал Стојаковиќ за репортерот на Српски „Блиц“

Лекарите сè уште се борат за животот на Мирсад Кериќ, музичарот кој управуваше со автомобилот во кој беше Шаулиќ. Тешко повреден е и кумот на пејачот, Слободан Бобан Стојадиновиќ, но тој е во стабилна состојба.

Претходна статијаКако да знаел: Шабан го загуби животот од она што најмногу се плашеше – брзо возење!
Следна статијаНада Топчагиќ без влакна на јазикот: Цеца и Чола 20 години немаат хит