Лепа Брена проговори за аферата на Карлеуша: На Јелена секогаш ќе и бидам поддршка, без оглед на се што се случува

Јелена Карлеуша неколку години беше скарена со „Гранд“, но сега е редовна во најголемата продуцентска куќа и дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Иако со години наназад во медиумите се пласираше дека Јелена Карлеуша нема најдобро мислење за газдарицата на Гранд, Лепа Брена, тие тоа го демантираа со позитивни коментари една за друга.

Loading...

Лепа Брена веќе неколку денови е на одмор на Бора Бора со своето семејство, но сепак слушнала за секс аферата на Карлеуша, која ја имала со Огнен.

Пејачката ја искоментира една од најактуелните теми моментално и признала дека е секогаш подршка на Јелена.

„На Јелена секогаш ќе и бидам поддршка, без оглед на се што се случува. Не само на Јелена, туку на секоја жена, јас некако сум повеќе во поддршка на женската страна.

Без оглед што и да направиме тоа не значи дека треба да ни се отсече главата. Никого не сме убиле, а не убила ни Јелена некој. Така да што и да треба јас сум тука за неа“ рекла Брена.

Јелена Карлеша работи под полна пареа изминатите неколку дена и настапи во светските метрополи. Скандалот со фудбалерот Огњан Врањеш и ја зголеми цената.

По настапот во петокот во Виена, пејачката следната вечер пееше во Амстердам. Српските медиуми шпекулираат дека за секој настап добила по 20.000 евра, а претходно цената била околу 12.000 евра.

Jелена ја забавуваше публиката во клуб во Амстердам до раните утрински часови. Таа беше во елемент, гламурозна и во тесен впечатлив комбинезон. Публиката на крајот и даде црвени ружи и големо мече.