Кумот на Шабан откри страшни детали од последните моменти на кралот на народната музика

0

Језива исповед на кумот на Шаулиќ кој бил со него во автомобилот

До 3 ипол имавме настап во клуб.После тоа се договоривме да одиме во хотел и малку да преспиеме зошто имаме лет рано сабајле и да станеме у 6:15.

Дојдов у соба и си легнав а во договореното врме ме разбуди телефонот, а во тој момент Шабан веќе беше буден и спремен и ми тропна на врата. Ми рече дека доцниме и дека брза, ми беше чуден, никогаш порано не правел така. Имавме уште три часа до полетување на авионот.

Се подготвов набрзина се симнав доле и влеговме во автомобилот. Ми беше малку лут дека не сум станас три минути порано, не можам да поверувам дека три минути беа во прашање, многу беше чуден- вели Стојадиновиќ.

Стјадиновиќ се присетува дека пејачот и за време на настапот бил малку нестрплив.

-Цело време додека пееше гледаше во часовникот, па можеби едно пет пати го направи тоа. Како да го влечеше несреќата. Додека се возевме разговаравме за наши луѓе кои живеат тука, зимаат пензија и умираат тука и не гледаат ништо од животот- се присетил тој.

На автомобилот му беа лоши светлата па Шабан го забележал и тоа, па Мирсад ги вклучил долгите светла.

-Не сврзавме ни пет реченици и одденаш бум.Имаше рбота на патот, од три ленти се поврзуваа во една.Од позади налета автомобил на нас, а Мирсад кој возеше се обидуваше да закочи. Седев зад Шабан, а зад Мирсад беше сајзерот, а велат дека баш од инструментот добил тежок удар во главата.Од силниот удар целиот багажен простор е згмечен- раскажал Стојадиновиќ.

Неколку пати се онесвестувале и се буделе додека пожарникарите се обидувале да ги извадат од автомобилот.

– Прашав каде е Шабан, а потоа се онесвестив.Кога се освестив видов дека има неколку екипи на Брза помош, ги прашав докторите дали се добри Мирсад и Шабан, ми рекоа дека ги возат во друга кола- се присетува тој.

Сопругата на Шабан непрекинато ѕвонела на телефон.

– Ѕвонеше можеби 50 пати, и мојот и телефонот на Шабан ѕвонеа нонстоп.Се јавив и ме праша каде сме, зошто така зборувам, и кажав дека имавме несреќа, но Шабан не е покрај мене, тогаш настана хаос.

Кумот на Шабан не е во животна опасност, но претпел неколку повреди.

-Имам скршено 6 ребра, ми пукна и пршлен на вратот и ми оштетил артерија, не можам да се помрднам од кревет.Забите ми се сите напукнати, не можам да се помрднам- раскажал Стојаковиќ за репортерот на Српски „Блиц“

Слободан Бобан Стојадиновиќ, кумот на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ е единствениот преживеан во сообраќајната несреќа, а во разговор за српски „Курир“ открил дека Шабан кобното утро бил врзан со појас, но поради силата од ударот му се отворила раната од операцијата која што ја имал пред три години,односно зафатот на стомачната аорта.

Пред да влезе во сала на операција докторот ми кажа дека му пукнала аортата која што ја оперираше пред три години“, рекол Стојадиновиќ и додал: „Седев покрај Шабан, беше врзан со појас.

Докторите кажаа дека имал срцев удар, не се сеќавам добро на се затоа што бев во несвест.“

Пробаа се за да го спасат, но не успеаа. Смртта се случи во болница и почина од срцев удар. Беше расположен за време на настапот, никој не очекуваше вакво нешто. За жал. таква е судбината, рекол менаџерот.

Претходна статијаДомот на Шабан Шаулиќ е завиен во црно на само четири дена пред големата семејна прослава која ја подготвуваа
Следна статијаПо смртта на Шабан се огласи и Цуца: Нека знаат сите дека страдам фото