Кога сите мислеа дека скандалот на Карлеуша со Врањеш заврши се појави ново видео кое го стаписа Тошиќ

0

Иако се чинеше дека бурата околу скандалот на Карлеуша со фудбалерот Огнен се стиша, сепак најголемиот удар за пејачката доаѓа дури сега.

Имено, српскиот Курир пишува дека до нејзиниот сопруг Душко Тошиќ стигнало видео на кое таа e со фудбалерот, тој збеснал и на Карлеуша и рекол дека тука е нивниот крај.

После се’, Душко Тошиќ најмногу заради децата бил подготвен да и прости на Карлеуша и да ја заборави нејзината афера со неговиот босански колега.

По заминувањето на Карлеуша во Кина, се чинеше дека таа и Душко ќе ги смират страстите и ќе го зачуваат бракот и семејството, но нејзиниот план за помирување како да пропадна кога сопругот го добил видео материјалот од оргијањето на Јелена со Врањеш.

Карлеуша задоволна дошла од Кина, за потоа да се случи нешто неочекувано. Еден телефонски разговор за време на пробата за церемонијата на доделувањето на музичките MAC награди ја донесоа поп-дивата до нервен слом, зашто токму од другата страна на слушалката беше Душко Тошиќ.

“Таа во текот на разговорот почна да плаче, а потоа ментално и психички попушти пред сите. Никој не сфати во прв момент што се случува, освен дека Душко е лут како рис. Дури подоцна ќе се покаже дека Тошиќ имал дебела прилина да вика на неговата сопруга.

За жал, Душко беше меѓу првите што ќе се увери во точноста на оваа информација, но исто така и на автентичноста на снимката“ – изјавил извор за српски Курир, додавајќи дека Тошиќ одлучил дефинитивно да стави крај на бракот штом ја видел снимката.

Тој и се јавил додека имала проба за настапот на MAC наградите, па почнала да плаче, а имала и добра причина за тоа. Душко и рекол дека до него стигнало видео и дека сака развод.

Засега се нема огласено ни таа, ни Душко.

Босанскиот фудбалер голема популарност стекна по аферата со Јелена Карлеуша.

Наводно, пејачката му праќала фотографии кои тој ги објави.Пејачката објасни дека тоа е фотомонтажа и дека тој бил психопат.

Меѓутоа, Врањеш се огласи и истакна дека тие биле во врска.

„Не сакам повеќе да зборувам за Јелена. Се што имав кажав во моето соопштение на „Инстаграм“, тоа е вистината. Можам да потврдам дека ги сретнував нејзините ќерки во поминување. Нејзината мајка ја запознав во Атина, кога Карлеуша доаѓаше кај мене“ вели Врањеш за „Хит информер“ и додава:

„Искрено, преку глава ми е од се“ вели фудбалерот.

Претходна статијаНеделава им носи нешто неверојатно на овие хороскопски знаци
Следна статијаЈелена Карлеуша на нозе: Филип Пецовски пак растури на „Ѕвездите на Гранд“ ВИДЕО