Карлеуша не можеше да издржи – Прв пат јавно призна како и е по скандалот

0

Јелена Карлеуша по скандалот кој го потресе нејзиното семејство, конечно кажа како се чувствува и тоа сосема спонтано за време на снимањето на „Ѕвездите на Гранд”.

Таа се сврте кон еден натпреварувач и му рече: – И јас си имам свои проблеми пријателу, ми доаѓа сега да одам во некое ќоше и да вриштам, му рече таа на натпреварувач, на кого му е воедно и ментор.

Последната информација во српските медиуми е дека Душко добил компромитирачно видео од јелена и фудбалерот Огнен, па и побарал развод, но пејачката за тоа не се огласила.

Марија Шерифовиќ на својата другарка Јелена Карлуеша и порача дека е глуперда. Имено, пејачката кога ја прашале за ЈК рекла дека е во Дубаи каде што ја чекаат сопругот и децата.

Бидејќи Карлеуша за време на патувањето со авион го гледала филмот „Боемска рапсодија“ како што впрочем и се пофали на Инстаграм, јасно е дека тој филм и го препорачала Марија.

Јелена отпатува во Дубаи, а додека патуваше го гледаше „Боемска рапсодија„. И реков: Глупердо, гледај го тој филм, а таа ми вели ајде да одиме во кино. На тоа и одговорив: Па оди, кој ти брани, а таа ми се правда дека не може да излезе од дома немаскирана, открила Марија и слатко се насмеала.

Потоа додала и дека ситуацијата во која што се најде Карлеуша е многу непријатна притоа потенцирајќи дека не сака да ја коментира аферата.

Не сакам да бидам во нејзина кожа, не и е лесно, не знам како би реагирала јас кога би се нашла во слична ситуација, заклучила Шерифовиќ.

Претходна статијаПоранешен вработен во ЕВН си ја отвори душата: Ние им ја плаќаме струјата на жителите на Арачиново
Следна статијаКарлеуша проговори за разводот: Не е срамота да се биде самохрана мајка