Се огласи и кандидатката која Карлеуша ја нападна: Јас можам да го променам фустанот, но ЈК никогаш нема да знае да пее

0

Пејачката Јелена Карлеуша во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ честоко ја нападна кандидатката Мира Медан.

По жестоката кавга на социјалните се мрежи се огласи и сопругот на кандидатката.

Сега на социјалните мрежи се огласи и самата Мира која во својата објава не ја поштеди пејачката и нејзината афера со босанскиот фудбалер.

„Голем поздрав до сите оние кои ме подржуваат во мојата работа и она што се случува во „Ѕвездите на Гранд“. Сакам ова да престане. „Ѕвездите на Гранд“ се за мене минато и едно ново искуство во најгледаното шоу.

Жално е што во такво натпреварување веќе не е важно пеењето, туку кој како се облекол.

Мислам дека покажав како се пее и како се однесува. Добренамерните критики можам да ги прифатам, но и не понижувањата. На никој ништо лошо не кажав, сите ги почитувам.

Драго ми е што многумина го пофалија моето пеење.

П.С Јас можам да го променам фустанот, но ЈК никогаш нема да знае да пее. Тоа е голема вистина“ напиша кандидатката на социјалните мрежи.

Претходна статијаMиле Јанакиевски е префрлен е на скопските клиники по инцидентот во Шутка
Следна статијаСопругата на Миле Јанакиески, Сања потресена: Го провоцирале па го нападнале лица од „Диво Насеље