Јелена Карлеуша го посетила најпознатиот српски јасновидец: Неговиот одговор ја заболел

0

Јелена Карлеуша никако да најде мир последниве два месеци! Таман ќе го убеди сопругот дека новинарите и’ ја „подметнале“ аферата со фудбалерот Огњен Врањеш, бидејќи, нели, ја „хејтаат“, кога – нов проблем на видик.

Имено, според написите на српските портали, поп-пејачката почнала да оди на бајачки очајнички настојувајќи да дознае дали бившиот љубовник, со кого беше две години во врска, ќе и’ се врати. Да, добро прочитавте, „дивата“ сака да се смири со Огњен Врањеш, кој поднесе кривични пријави против неа и бара отштета од неколку милиони динари!

Имено, додека го планирала покајувањето кај сопругот во Кина, Карлеуша „тркнала“ кај познат белградски бајач, лоциран на Нови Београд, кај кого одат голем број познати личности. Значи, „селебрити-прогнозер“.

Јелена не ја интересирало дали патот во Кина ќе придонесе да се смири со сопругот, туку дали Врањеш ќе сака да остане со неа. Како што тврди извор близок на пејачката, кој ја видел во станот на „славниот“ бајач, таа била видно вознемирена, растревожена и тажна.

Јелена доцна навечер пристигна кај нашиот познат бајач, кај кого доаѓаат голем број познати личности. Главно, сите доаѓаат по 19 часот, за да не бидат забележани од ‘обичниот ‘ свет“, открива изворот.

Тој набргу ја прими Јелена, која беше видно вознемирена. Влезе кај него и се задржа половина час, не подолго. Излезе порасположена, но се’ уште се гледаше дека проблемите многу ја погодиле.

Како што дознав подоцна, неа ја интересирало само едно нешто, а тоа е дали ќе се смири со Огњен Врањеш по се’, односно, дали нивната врска може да опстане по скандалот што се случи“, открива изворот, и додава дека Јелена не била задоволна од одговорот што го добила.

„Информер“ во најновиот број објави фотографија од популарната пејачка Јелена Карлеуша за која тврди дека е направена по бурната ноќ која пејачката ја поминала со Огњен Врањеш во Атина.

Во текстот е истакнато дека фотографијата е снимена во Атина и дека Јелена била лута на фудбалерот што ја фотографирал. Врањеш наводно ја излажал пејачката дека ја избришал фотографијата, пренесува „Информер“, против кого Јелена Карлеуша поднесе тужба.

Имено, додека медиумите и по повеќе од еден месец продолжуваат да се занимаваат со аферата Карлеуша-Врањеш, поп-пејачката одлучи да поднесе тужба против сите српски медиуми што објавиле невистини за неа и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

Како што стои во видеообраќањето што го сподели на својот инстаграм-профил, Јелена поднесе вкупно 120 тужби, а што е наведено во нив, може да погледнете тука

Претходна статијаОткријте каква карма ве очекува во 2020-та година според вашиот хороскопски знак
Следна статијаЛила пресреќна: Сега кога ги знам сите твои добри страни, биди сигурен дека пак ќе ти се вратам