Ивица Дачиќ: Лекарите му дале нешто на Шабан, заспал и веќе никогаш не се разбудил!?

0

Сите детали за смртта на легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ по сообраќајната несреќа во Германија треба дополнително да се испитаа, смета министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Според неофицијални информации, популарниот пејач Шабан Шаулиќ, кој го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во понеделникот, сам излегол од автомобилот и влегол во возилото на брзата помош. Меѓутоа, од ударот му пукната срцевата аорта, а поради компликациите починал во болница. По обдукцијата која ќе се изврши во четврток ќе бидат познати повеќе детали, пренесува порталот „Курир.рс“.

Кралот на народната музика, како што го нарекуваа медиумите, настапи во дискотека во Германија, ги забавувал гостите до доцна во ноќта, а неколку часа по заминувањето од клубот, загина на патот до аеродромот.

Српскиот министер Дачиќ кој бил одличен пријател со кралот на народната музика Шабан Шаулиќ многу тешко ја поднел смртта на пејачот.

Дачиќ кој од синот на Шабан Шаулиќ бил замолен да помогне околу префрлувањето на мртвото тело во Србија изјавил дека популарниот пејач од удрениот автомобил излегол сам и дека сите детали за смртта мора да се испитаат.

„Шабан од автомобилот излегол сам, но му било толку лошо што лекарите морале да направан некаква интервенција и да го одведат во болница. Му било лошо, но бил свесен. Тој излегол без траги од повреда.

Се жалел на проблеми со грлото, градите и дека нешто го гуши. Лекарите повикале хеликоптер и му дале средство за успивање , потоа тој веќе не се разбудил.

Во болницата направиле реанимација, го отвориле и востановиле дека дошло до компликации со аортата. Обвинителот сега бара обдукција за да се открие од што починал Шабан, изјавил српскиот министер Ивица Дачиќ.

Претходна статијаИскрена до срж: Не го сакам својот дечко, но морам да бидам со него
Следна статијаАца Лукас скршен од болка пристигна во домот на Шабан Шаулиќ