Антониа Гиговска со својата изведба го расплака жирито на „Пинкови ѕвездички“ ВИДЕО

Антониа Гиговска сите ја паметиме по учеството на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ каде што имаше одличен успех и се претстави во одлично светло.

Исто така учествуваше и во мјузикалот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“.

Претходната година беше во знак на неа, освои неколку награди на неколку музички фестивали, а победи и на „Макфест“.

И оваа година започна во нејзин знак, па така таа е придржен вокал на Јелена Розга во нејзината нова песна „Мојата пролет“ (Moje proljece).

Со баладата „Хајде онда ништа“ на Тијана Богичевиќ, пејачката Антониа Гиговска го расплака жирито на „Пинкови ѕвездички – ол старс“. По нејзиниот настап, Леонтина и Наташа Беквалац не штедеа комплименти за нејзиното пеење.

„Емотивно ме потресе. Цело време се трудам на не заплачам, а не можам, толку си добра“, ѝ рече Беквалац на Антониа.

Сликна реакција имаше и Леонтина.

„Немам зборови. Со секоја нова изведба, ти ме оставаш нема. Браво!“, рече Леонтина.

Ова беше петта емисија од циклусот „Ол старс“, а ѕвездичките имаа задача да испеат песна по свој избор. Претходно пееја светски хитови, песни од деведесеттите и денс песни…

Loading...