Цеца Ражнатовиќ: Срам да му е на оној што стои зад оваа подмолна игра

0

Светлана Цеца Ражнатовиќ ја освои музичката сцена со својата убавина и неоспорен талент. Од девојче од село таа се претвори во најголема фолк дива на овие простори. Со оглед на тоа што пее од 15 години, не не чуди што нејзиниот изглед се менуваше низ годините.

За тоа нормално имаат допринесено и пластичните операции.

Теретот на популарноста влијаел на тоа Цеца да ги зголеми градите, дури три пати. Наводно, хируршки го има намалено и струкот, а се зборува дека постојано го ботоксира и лицето за да и изгледа свежo и затегнато.

Најпопуларната српска пејачка е родена на 14 јуни 1973 година , а нејзиното моминско презиме е Величковиќ. Во 1995 година откако се омажи за Аркан го промени во Ражнатовиќ. По венчавката со него драстично го промени својот изглед и стана вистинска дива на музичката сцена.

Цеца Ражнатовиќ се огласи на социјалните мрежи поради проблемот што го забележала на својот инстаграм-профил, а станува збор за ненадеен скок на бројот на следбениците, поточно 50.000 во изминативе 24 часа.

Драги мои, денес се случи вештачки скок од педесет илјади нови следбеници на мојот инстаграм-профил. Не знам кој стои зад ова, не сакам ‘купено вештачко опкружување’, па токму заради тоа го контактирав инстаграм-тимот.

Срам да му е на оној што стои зад оваа подмолна игра, верувам дека ќе го запрат!“, порача Цеца.

Претходна статијаЗа овие хороскопски знаци месец февруари ќе биде најлош во 2019
Следна статијаВистинско богатство во Февруари ги очекува овие 3 хороскопи