Соседите на Душко Тошиќ открија досега непознати детали за фудбалерот

0

Се уште е актуелен скандалот на Јелена Карлеуша и босанскиот фубалер Огњен Врањеш на кого наводно пејачката му праќала експлицитни фотографии.

Соседите на Душко открија непознати детали за српскиот фудбалер.

Соседот Дејан Зубанов откри детали од деството на Тошиќ.

„Имам и јас проблеми, ги видов фотографиите, но не сум упатен во тоа. Му го познавав татко му, но не и мајка му. Душко е многу помлад од мене и како млад играше со нас. Беше добар фудбалер. Доаѓаше во Орловачани. Одеше пешки во Зрењанин, се сеќавам никој не сакаше да го вози.

Во тоа време Душко беше сиромашен. Тоа е вредно момче“ вели Дејан кој не сака да ги коментира експлицитните фотографии.

Школска другарка на Душко откри каков бил во училиште.

„Ги познавам. Многу се добри, мајка му е одлична. Душко ми е школски другар. Во основно училиште одевме заедно, како другар беше добар. Секогаш кога ќе дојде се поздравува. Љубезен е и културан, главно зборуваме за семејни работи. Последен пат беше овде за Божиќ, а Јелена ја видов на погреб, се поздравува кога ќе дојде“ вели другарката на Душко.

Првата сосетка на Душко, Веса вели дека мајка му е љубезна жена.

„Кога се во Србија, Душко и Јелена ќе дојдат кај нас бидејќи имаме внуци, па децата се играат. Девојчињата баш се фини. На неговата мајка овој скандал многу тешко и падна, не сака да коментира, тоа е нормално“ вели сосетката.

Мајката на Душко со денови не излегува од дома, а соседите не сакаат да го коментираат скандалот.

Фудбалерот Душко Тошиќ не сака да оди на одмор во Дубаи заедно со својата сопруга, Јелена Карлеуша. Српските медиуми објавија дека тој на одмор ќе замине со ќерките.

Иако заедничкиот одмор го планираа со месеци по избивањето на порно аферата Душко сака да биде сам и со бистра глава да донесе одлука за бракот со фолк пејачката.

Карлеуша сакала да поминат неколку денови заедно, но Душко не се согласи. Пејачката ќе замине на неколку настапи во Виена и во Швајцарија.

Претходна статијаДоаѓа голем и тежок празник: Направете го ова да ве следат среќа и бериќет
Следна статијаЕдинствената водителка која не возврати на критиките на Сергеј Варошлија и ги прифати неговите совети