Полумента: Иако Карлеуша ме нaпаѓаше, јас ја поддржувам бидејќи е ќерка, мајка и жена

Многу пејачи пред Карлеуша се најдоа среде скандал, меѓу нив Дара БубаМара и Шако Полумента, а таа тогаш ги напаѓаше.

Сега таа е среде скандал, а пејачот Шако Полумента прозборе за тоа.

– И јас поминав низ тој пекол, но излегов посилен. Да се разбереме, сите сме луѓе, грешиме и имаме тајни, но ова е претерано. Сепак, казната за оние кои ги нападнале невините е голема, вели тој.

Вели реакцијата на Карлеуша го изненадила непријатно кога тој бил среде скандалот, зошто мислел дека се колеги.

– Таа ме нападна, но со оглед на тоа дека е ќерка, мајка и жена, јас не го поддржувам ова напаѓање бидејќи сепак и таа е човек, па потоа ѕвезда, вели Шако.

Јелена Карлеуша само што се смири од скандалот кој го стресе нејзиното семејство, се појави ново видео, пренесува српскиот Курир.

Карлеуша на видеото е во када со пена порачува „Те сакам” со мил глас.

Инаку, таа видеата рече дека се монтажа и дека сето ова го смета за голем удар врз семејството.

Вчера за прв пат се појави на снимањето на Гранд видно нерасположена со наочари на себе, постојано гледајќи во мобилен.