Јелена Карлеуша по скандалот кој ја стресе неа и семејството, се појави на снимањето на Гранд, но со денови е видно нерасположена и ниеден натпреварувач не и се допаѓа.
Тоа му дојде преку глава на Саша Поповиќ, па ја праша: Како може јелена да не ти се допаѓа никој од толку кандидати? Никој да не ти се допадне, а зборуваме за втор круг? Ова не е можно, рече тој.
Карлеуша молчеше, па се бранеше дека едноставно таа мисли така и копјето се скрши кај една од натпреварувачките на која таа жестоко удри.
Јелена Карлеуша се појави на снимањето на емисијата на „Ѕвездите на Гранд“, по спорната афера каде испливаа експлицитни фотографии. Сеуште под стрес, дошла во студиото во друштво на својот менаџер и одма настанал проблем. Таа бесна му пришла на Саша Поповиќ викајќи:
– Тргнете ја оваа будала од мене. Нема да седам покрај Снежана Ѓуришиќ тоа не е добро за моето ментално здравје.
Саша ја смирувал ситуацијата, а како и сите останати и тој ја имал во предвид целата ситуација со аферата па не и придал премногу значење на нервозата на Јелена, која била очигледно присутна цело време.
Кавгата на Јелена со Снежана започнала за време на снимањето на емисијата кога на една од кандидатките и викала: „Срам да ти е, срам да ти е, засрами се“.
Снежана јавно негодувала: „Зошто Јелена така велиш, девојката нема причина да се срами„. „ Е, срам да ти е“, продолжила Карлеуша.
Поповиќ и тогаш се замешал, но ЈК не му дозволила да изговори ништо во врска со тоа.
– Дали нас ни е лесно, кој ни гледа на нас низ прсти, кој не штити?! Нас не распарчуваат – урлала Карлеуша на цел глас, алудирајќи на медиумските написи во екот на аферата со Врањеша.
Српските медиуми ја побарале и Снежана за коментар, а таа се обидела да одбегне одговор и да одговори на навредите на Карлеуша, но смирено само одговорила: