Оваа навика на возачите му наштетува на моторот на автомобилот и знае да предизвика сериозни дефекти

0

Навиката со автомобил да се поминуваат кратки дестинации – до трафика, пекара, продавница, може скапо да ве чини, бидејќи моторот за време на возењето не достигнува работна температура, а тоа може да предизвика сериозни дефекти.

Краткото возење од стотина метри го остава моторот незагреан. Тоа со себе влече последици – влагата не може да испари и се меша со маслото, се создаваат наслаги од нечистотија на ЕГР вентилот и другите делови на моторот. Опасностите се бројни.

Уште една опасност од ваквото возење е и мешањето на маслото со горивото. За жал, во тој случај не доаѓа до промена на маслото кое може да се види со голо око. Сепак, постои мал трик.

Помирисајте ја шипката за мерење или извадете малку масло од неа и протријте со прстите за да помирисате. Доколку не почувствувате мирис на гориво, се е во ред.

Дополнување на гориво дури кога резервоарот ќе се испразни целосно

Кога вашиот автомобил е во мирување, во резервоарот се акумулираат нечистотии од горивото и на дното се формира талог. Овие нечистотии навлегуваат во пумпата за гориво и филтрите и предизвикуваат штета.

За време на зимските месеци осигурајте се секогаш да имате барем половина полн резервоар, за да избегнете формирање на големи количини на кондензат. При температури на мрзнење, присуството на вода во резервоарот може да доведе до деформација на истиот и други слични проблеми.

Често кочење

„Одржувајте пристојна оддалеченост и возете во склад со густината на сообраќајот“ е нешто на што постојано ве учат при обуката за возење. Но ако постојано кочите без потреба ќе треба да издвоите голема сума од вашиот буџет на замена на кочниците.

За да го избегнете ова запомнете често да ги менувате цревата за хидраулична течност за кочниците и да внимавате нивото на истата да биде секогаш во нормалата.

Игнорирање на необични звуци кои доаѓаат од возилото

Мало крцкање и останати необични звуци може да бидат знак дека нешто не функционира како што треба. Многу луѓе ги игнорираат овие знаци и како резултат на тоа често пати им се случува да им се расипат возилата на сред пат.

Доколку забележите чудни звуци од вашиот автомобил веднаш однесете го на сервис за да се види каде е проблемот.

Претходна статијаСите зборуваат за змијата што шета по снегот – мештаните сметаат дека се работи за многу лошо претскажување
Следна статијаКонечно среќна: Се мажи Ана Севиќ – ова е нејзиниот избраник ФОТО