Иако веќе со денови се зборува за љубовниот триаголник Карлеуша – Врањеш – Тошиќ, сите заборавија на главната жртва од оваа приказна.
Во центарот на внимание се само прељубниците, но иако јавноста со право ја осудува Јелена Карлеуша како мажена жена и мајка на две деца и го сожалува Душко Тошиќ, се заборава дека и Огнен Врањеш е оженет човек.
Неговата сопруга Данијела и претходно се криела од јавноста и се обидувала да води мирен живот, далеку од медиумите и скандалите. Сепак, не ги избегна последиците од неверството на сопругот.
Огнен во своето соопштение рекол дека му е жал за неговот семејство, но додал дека прељубата била изведена на обострано задоволство.
Фудбалерот Душко Тошиќ порача дека с ее во ред, Карлеуша вели дека целата приказна е наместена, а оГнен тврди дека се е вистина, но реакција од сопругата на Огнен никаде нема. Останува отворено прашањето дали таа ќе го прости сето ова.
Освен што порача дека сега ќе бидат уште посилни, Тошиќ на Инстаграм постави фотографија со Јелена и на неа стави смајли кое намигнува
Откако неговата сопруга Јелена Карлеуша се најде во центарот на секс-афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, ова е прв пат нејзиниот сопруг Душко Тошиќ да се огласи преку социјалните мрежи и открие како навистина стојат работите.
Колку што е досега познато, пејачката и понатаму е во Кина, каде Душко се наоѓа поради работните обврски, а судејќи по најновата објава на фудбалерот, нема ништо од разводот.