Нема намера да и прости, Душко и Јелена се разведуваат

0

Сопругот на српската пејачка Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ по скандалот на неговата сопруга со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш одлучил да се разведе.

Тошиќ веќе контактирал адвокат, не сака милионите заработени од фудбалот да ги дели со Карлеуша.

Фудбалерот на кинескиот Гвангжу нема намера да и ја прости на сопругата Јелена Карлеуша аферата со Врањеш .

Популарната пејачка останува без милионите на сопругот.

Тој веќе контактирал со адвокат и има намера да го забрза процесот на разводот за да ги сочува новите 14 милиони долари кои му следуваат од последниот договор со клубот од Кина.

Еден близок пријател и поранешен соиграч на Тошиќ открива дека само неколку часа откако во јавноста се појавиле фотките и пораки кои Јелена му ги испраќала на Врањеш, српскиот фудбалер во доверба му побарал контакт со адвокат за разводи.

-Кога целата таа сторија за Јелена со Врањеш започна сите ние кои добро го познаваме Душко рековме дека се ќе помине како ништо да не се случило, доколку не се појават докази. Сепак, испливаа фотки, снимки, пораки и цела Србија ја виде неговата жена со клинец кој во фудбалскиот свет важи за „лево сметало“.

Само ден потоа, излегоа и оние пораки во кои таа на љубовникот му зборува дека мажот на ја е.. добро и дека го гледа како брат, а потоа до детали опишува што сака. Е тука пукна се, раскажал извор близок до Душко за медиумите.

-Само еден час откако на сите можни портали беше објавена преписката на јелена со тој фудбалер, ми ѕвонеше телефонот и видов дека е тој. Знаев дека ме бара за да се распраша за развод и дека „пукнал“. И самиот сум разведен, а добар адвокат ми помогна да го сочувам тоа што сум го заработил и да ги осигурам децата.

Пријатели сме десет години и мојот развод го минавме заедно и се шегувавме дека еден ден и тој ќе се разведе. Како што и мислев, ми рече дека планира да стави точка на бракот и дека веќе не може да издржи, дополнил истиот извор.

Јелена Карлеуша и се доверила на своја колешка дека веќе не знае на што е со својот сопруг Душко Тошиќ, откако во јавноста исплива нејзината преписка со Огњен Врањеш.

Јелена рече дека се било во ред, додека во јавност не излегоа тие пораки. Меѓутоа сега Душко веќе не и верува. Тој кретен Врањеш…Ми го уништи животот, ми рече низ солзи – раскажала позната пејачка и добра пријателка на Карлеуша.

Во пораките кои се објавени, Јелена го убедувала Варњеш дека меѓу неа и нејзиниот сопруг Душко владее братска љубов и дека нивниот брак со години е медиска фарса.

Јелена сега веќе не знае на што е, ниту пак што да прави. Ова целосно ја скрши – рекла нејзината пријателка.

Претходна статијаПознатиот астролог уште во март 2017 предвиде дека Јелена и Душко ќе се разведат
Следна статијаКарлеуша имала повеќе испади со Врањеш – Таа била љубоморна на Катарина Грујиќ