Не била само Карлеуша – нови пораки на фудбалерот со уште една пејачка ФОТО

0

Иако е во брак изгледа фудбалерот Огнен кој е фатен среде скандал со Карлеуша, барем како што пишуваат српските медиуми, се допишувал и со други пејачки.

Една од нив веќе призна, а тоа е Катарина Грујиќ, а сега излегоа пораки со Тијана Стојиќ, со која си пишувал кога пишувал и со Карлеуша.

Барал да знае каде настапува за да дојде да ја слуша, а таа престанала да му одговара и комуникацијата престанала.

Во врска со наводните инкриминирачки фотографии што ги поседувал и од неа, Дара вели дека се негова болна фантазија

Напалениот фудбалер Огњен Врањеш ја спопаѓал и новосадската пејачка Дара Бубамара, која јавно ѝ даде поддршка на Јелена Карлеуша во аферата.

Идентично како и на Јелена, Врањеш ѝ испраќал приватни пораки на Инстаграм и на Дара, но таа го игнорирала, прво затоа што не знаела кој е, а потоа, кога станал поупорен и понападен, едноставно го блокирала.

Пред да се разоткрие аферата парот констатно во интервјуата потенцираше дека имаат складен брак и дека се во голема љубов

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ во моментов се наоѓаат во центарот на најголемиот скандал кој што се случи после десет години брак со оглед на фактот што во јавноста исплива аферата на пејачката со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш. Но пред да се разоткрие сето ова, парот констатно во интервјуата потенцираше дека имаат складен брак и дека се во голема љубов.

Ќе ви објаснам искрено и јасно. Душко ме сака, а го сакам и јас него. Се додека е така, не ни може никој ништо. Едно е сигурно, никогаш нема да го изневерам. Неговата сопруга е искрена и праведна, луда и брза, емотивна и експлозивна, борец и некој кој би го дал својот живот за него. Таква и да сака,нема да може да најде, затоа и ме трпи, рече Карлеуша во интервју за „Глоси“.

Во тоа време, пејачката беше убедена и дека таа и Тошиќ никогаш не би изнеле во јавноста материјал за афера која би ги полнела насловните страници.

Ова е време на разводи, раскинувања и шпански серии на српски начин. И ветувам на Србија дека јас и мојот сопруг нема да и пружиме шпанска сага која ќе ги полни насловните страници. Приватноста ја чуваме за себе затоа што и повеќе од јасно е дека нашата среќа на многумина им пречи. Можам само да ги разочарам оние кои сакаат уште еден медиумски развод во низа, затоа што од тоа нема ништо. Јас сум среќна и сакана жена, имам прекрасна кариера, но и прекрасен брак, зборуваше своевремено Карлеуша.

Претходна статијаВо кој месец од 2019-та година ве очекуваат најмногу предизвици според хороскопскиот знак
Следна статијаЛековита вода со исцелителна моќ: Луѓето кои патувале низ Скопје тука наоѓале мир и си ја враќале силата