Македонската пејачка прозборе големата трагедија: Нашата ќеркичка секој ден прашува за тато

0

Маја Саздановска несомнено важи за еден од најдобрите вокали кај нас. Повеќе од десетина година апстинира од музичката сцена, соло кариерата ја стави во втор план и се посвети на работата како организатор во Македонската опера и балет, а пред пет години се соочи со голема животна трагедија откако ненадејно го изгуби сопругот и остана сама со штотуку родената ќерка Срна.

Пред камерата на „Бекстејџ“, Маја за прв пат во јавноста прозборе за болката после смртта на саканиот Саша и последните денови кои ги поминала со него.

Познатата пејачка Маја Саздановска си го отвори срцето и за прв пат прозборе за животната трагедија која ја преживеа.

Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката, вели Маја за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Таа отворено проговори за семејната трагедија кога пред пет години ненадејно почина нејзиниот сопруг.

Саздановска го изгуби животниот партнер Саша само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.

-Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато. За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра,снаодлива и личи на него.

Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне, раскажа Маја.

Претходна статијаСаша Поповиќ и порача на Карлуеша: Или прибери се или леташ од шоуто Ѕвездите на Гранд
Следна статијаЕлена Ристеска со солзи во очите: Да беше Тоше жив сигурна сум дека ние ќе бевме пар