Лепа Брена дома добива третман како кралица – Последното задоволство кое и го приреди сопругот Боба чини милиони

0

Лепа Брена кон почетокот на 2019 година заминува за Австралија, а друштво ќе и прави и сопругот Боба, а пред Австралија пејачката заедно со семејството ќе замине на одмор во Виетнам.

На 4 јануари одиме во Виетнам и така ќе започне нашиот голем одмор. Со нас одат и синовите, успевме да ја споиме турнејата со одморот , па така еден дел од патувањето ќе биде пред концертите во Австралија, а другиот откако ќе завршат Ќе одиме и до Тајланд, Сингапур и Бали, но ќе го посетиме и Нов Зеланд и Бора Бора, а во Белград се враќаме дури во февруари.

Мојата Беки е кралица и заслужува ваков луксузен и долг одмор, открил тенискиот ас Боба Живојиновиќ кој секој успех на Брена го слави како свој.

Љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ никого не може да остави рамнодушен. Како што многупати кажале нив ги запознал Рака Џокиќ, менаџерот на Брена, после настап во Дом на синдикати.

Оваа средба, иако долго била одложувана, поради големиот ангажман на најпознатата југословенска ѕвезда, станала судбоносна.Нивната врска на почеток се судрила со многу препреки, и било тешко да одвојат време еден за друг.

Боба и Брена на вечна љубов се заколнаа 1991 година, а како што вели пејачката имало и такви кои сметале дека нивната љубов има рок на траење.

Ми годи сознанието дека не погрешивме што се одбравме ден со друг. Планиравме свадба во моментот кога се распаѓаше Југославија. Секако, и медиумите се занимаваа со прогноза за нашиот опстанок, ги имаше оние кои не веруваа дека ќе успееме, а ги имаше и оние кои беа оптимисти.

Драго ми е што времето покажа дека сме во право.Сите овие години бевме поддршка еден на друг, делевме и добро и лошо. Како времето поминува, свесни сме дека негувавме вистинско пријателство помеѓу нас.

Љубовта е хормонска состојба и треба да се искористи максимум. Љубовта не треба да се потроши. Ние научивме да ги разликуваме тие две работи, затоа се уште опстојуваме”, рекла Брена во една прилика за медиумите.

Претходна статијаНародни обичаи за Бадник и Божиќ – вратете се што е позајмено и смирете се со тие што сте скарани
Следна статијаОвие хороскопски знаци во јануари ги очекува голема промена