Карлеуша се разведе и од првиот сопруг поради неверство – Ги фатил на дело

0

Јелена Карлеуша деновиве е во центарот на вниманието поради наводната афера со фудбалерот Огњен Врањеш и експлицитните фотографии кои излегоа во јавноста, но ова не е прв пат пејачката да се соочи со ваков скандал.

Имено, пред повеќе од 10 години Карлеуша беше обвинета за неверство од страна на првиот сопруг Бојан Кариќ кој наводно ја фатил на дело во кревет со телохранителот.

После тоа парот се разведе, а Карлеуша во јавноста зборуваше дека неверството и било наместено затоа што неговото семејство не ја сакало за снаа бидејќи била пејачка.

Бојан Кариќ е српски бизнисмен, еден од наследниците на богатата династија Кариќ, а сите го паметат по бракот со пејачката Јелена Карлеуша.

Тој со Јелена се ожени во 2004 година, но се разведоа по само три месеци брак.

Неколку месеци пак по разводот од Карлеуша, Бојан ја запозна новата љубов на својот живот, Маша Николиќ.

Маша е ќерка на познатиот режисер Боже Николиќ.

Бојан и сопругата кон крајот на 2017 година станаа родители на близнаците Тара и Теорода Филип.

Инаку, Карлеуша во моментов е на пат за Кина каде замина утрово после објавувањето на фотографиите.

Претходна статијаДоaѓаат денови кои носат многу успех за 3 хороскопски знаци
Следна статијаВременска прогноза за февруари: Зимата зема силен замав – бидете подготвени за нов студен бран