Карлеуша имала повеќе испади со Врањеш – Таа била љубоморна на Катарина Грујиќ

0

Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш ја криеле својата афера скоро две години, а после сите преписки кои се обелоденија, излезе и нова преписка во која се гледат љубоморните испади на Карелуша, бидејќи тој во исто време бил и со пејачката Катарина Грујиќ.

Ноќта на 23 мај 2018 година ЈК му упатила низа пораки на Огњен затоа што дознала дека тој е со пејачката Катарина. Карлеуша оваа информација многу ја погодила, па изгубила компас и почнала да ги навредува и колешката и љубовникот.

Им праќаш цвеќе на несреќнички. Се бакнуваш со најстрашните силиконски усни, полоши од Мими Оро… го допре дното – напишала ЈК во првата порака на Врањеш.

Како што се дознава, таа цела вечер му праќала навредливи пораки, бидејќи не можела да ги контролира бесот и љубомората.

Јелена сметала дека тој е само нејзин, бидејќи му ја објаснила ситуацијата во бракот и му докажувала дека нејзиниот однос со Душко се чиста формалност, па мислела дека и Огњен ѝ е верен. Кога дознала дека се мува со Каќа, доживеала нервен слом.

Прво му ѕвонела, а бидејќи не ѝ кревал, следувале пораки во кои најлошо ги исплукала, прво Каќа, која ја нарекувала силиконка и со други погрдни имња, а потоа нему му рекла дека е нула од маж кој сака такви жени. Таа се чувствувала измамено – рекол добро информиран извор.

Јелена Карлеуша веднаш се залетала во Кина откако нејзиниот наводен љубовник Огњен Врањеш објави експлицитни фотографии од пеачката.

Имено како што дознаваат некои медиуми, Јелена Карлеуша веќе резервирала лет и рано наутро би требала да стигне во Белград.

Дека во домот на Душко Тошиќ се одвивало драма открива негов другар:

– Сношти се слушнав со Душко, тој е целосно изгубен и скршен – вели за весници.

– Душко премногу ја сака Јелена, и поради тоа многу работи и гледа низ прсти, но сега навистина е збунет. Таа му кажува една проиказна, навистина е збунет. Бил сигурен додека целата афера е измислица, додека не почнале да се појавуваат фотографии и снимки. Сега е во тотален хаос, па дури споменува и развод како една од опциите, иако знае дека тоа ќе биде нова траума за и онака разнишаното семејство – вели соговорникот

Изворот исто така кажува дека неможе да предвиди дали Карлеуша и Тошиќ ќе успеат да ја надминат оваа брачна криза, најголема до сега.

– До вчера можев да се заколнам дека ќе останат заедно, но после нашиот разговор… не сум сигурен.
Се је можно

Јелена сега веќе не знае на што е, ниту пак што да прави. Ова целосно ја скрши – рекла нејзината пријателка.

На почетокот на оваа афера и Душко и Јелена тврдеа дека преписката е лажна и дека нивниот брак е поцврст од било кога. Сепак изгледа притисокот е премноу голем и неизвесно е како ќе заврши оваа семејна драма.

Претходна статијаНема намера да и прости, Душко и Јелена се разведуваат
Следна статијаТошиќ ја избркал Карлеуша од Кина – Таа се враќа утре во Белград да проба да ги реши проблемот