Како што јавуваат српските медиуми , Карлеуша му подготвува тужба на нејзиниот љубовник Врањеш. Таа ќе го тужи фудбалерот зашто во медиумите и на социјалните мрежи објавил дека бил во врска со неа , што Карлеуша го негира.
Тој ќе добие тужба и за објавените фотографии и пораки на мобилен , за кои фудбалерот тврди дека таа му ги праќала.
Како што јавуваат медиумите , Карлеуша успеала да ги смири проблемите со сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ и дека тој ќе ја однесе на подолг одмор во Дубаи.
Наводно , Тошиќ веќе уплатил луксузен апартман за целото семејство , како и дадилка за децата , за да можат тој со Јелена целосно да се одморат.
Набргу по избивањето на скандалот , Карлеуша отпатува во Кина , за да го прослават заедно роденденот на Тошиќ , а потоа се врати во Белград на снимање на шоуто ,,Ѕвездите на Гранд” .
Пејачката Јелена Карлеуша со денови се наоѓа во центар на скандалот кој исплива во медиумите кога таа разменувала пораки со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, а сето тоа го откри нејзиниот сопруг Душко Тошиќ. Таа сега мачи уште една мака, во која не може да и помогне ниту целиот нејзин тим.
Имено, налогот на Твитер на кој Јелена порано редовно се огласуваше е суспедниран. Таа веќе една недела не може да се избори со проблемот, а познато е дека таа на Твитер беше многу активна.
Таа во моментов прави се нејзиниот налог кој е суспендиран, да биде вратен.
Како што тврди извор упатен во целата ситуација, пејачката поради ова е многу нервозна, бидејќи таа сака нејзините ставови и мислења за што се случува да се слушнат и видат, па многу и е важно овој проблем што побрзо да биде решен.