ФОТО Иако долго време е скарана и трпи јавни понижувања сепак застана на нејзина страна – Стигна поддршка за Карлеуша

0

Социјалните мрежи веќе два дена горат од експлицитните фотографии на Јелена Карлеуша и нејзините преписки со Огњен Врањеш кои излегоа во јавноста.

По тој повод на Инстаграм се огласи и Сека Алексиќ која и покрај тоа што од Јелена со години трпи ниски удари и јавни понижувања, сепак, застана во нејзина одбрана.

Без оглед на се! Треба да имате во предвид дека оваа жена има две деца! Таа е мајка, ќерка, сопруга… Не и стојте на маката, човечки е, порача Сека и на овој начин покажа дека е голем човек.

Од пораки кои се полни со страст до јавни напади зачинети со омраза! Ова е патот кој што го помина романсата на пејачката Јелена Карлеуша и 11 години помладиот босански фудбалер Огњен Врањеш која се одвиваше зад грбот на нејзиниот сопруг, српскиот фудбалер Душко Тошиќ. „Блиц“ ги откри сите детали на двегодишната романса.

2016 година

Тој е фудбалер, успешен, тврдоглав, упорен. Оженет, но женкар. Стандарден на терен, уште постандарден на белградските сплавови.

Таа е фолк пејачка во средни години, мајка на две деца, мажена, но осамена. Повеќе е сама, отколку со сопругот покрај себе.

Фудбалер и пејачка, како кечап и помфрит. Се запознале преку Инстаграм, не се потполни странци, Огњен играл со Душко во Црвена Ѕвезда, а во еден период заедно играле и во Турција. Се познаваат. Дали поради упорноста на Огњен или осаменоста на Јелена, Инстаграм познанството незабележително прераснува во нешто повеќе. Ги разменуваат броевите и почнува играта…

Во кој момент лесниот флерт преминува во бурна врска и уште побурно раскинување, никој од нивните пријатели со кои „Блиц“ разговарале, не сакале да откријат.

Не можам да откривам детали, раните ќе бидар длабоки и трајни, рекол еден од соговорниците.

Се гледаат на разни локации. Најпрвин тајно, на скриени и изолирано места, но ѓаволот и страста набрзо доаѓаат по своето. Стануваат невнимателни. Ноншалантно се снимаат во Атина каде Огњен игра за АЕК, некаде кон средината на 2017 година, и тоа на сред Акропол. Снимките кои деновиве ги преплавија порно сајтовите во Србија ја покажуваат Јелена која снима и нови селфи стап, додека пак фудбалерот и ги носи високите потпетици во рака.

Не се плашат дека некој ќе ги препознае. Впрочем, Огњен е стар колега на Душко, семеен познаник. На прошетка двајца пријатели, што има чудно во тоа?

Откако ја преживеале оваа невнимателност, крвта им „удира“ во глава. Колку е поголем ризикот, толку е поголема страста. Се гледаат дури и во домот на Карлеуша во Белград. Почнуваат да разменуваат видеа и фотографии. Карлеуша му порачува: Верувај во нас!

Но, Огњен е оженет, а Карлеуша мажена. За сето ова време што се случува со неговата сопруга Данијела и нејзиниот сопруг Душко: Зарем не знаат? Добро упатените велат дека Данијела отсекогаш се сомневала во верноста на Врањеш, додека, пак, Душко немал време за сомнежи. Него подоцна вистината ќе го удри во глава.

Огњен и Јелена продолжуваат со романсатак, но караниците и испадите на љубомора се се’ почести и посилни.

Претходна статијаСе огласи и мајката на Огнен Врањеш – Не е крив син ми што Карлеуша му праќала такви фотографии
Следна статијаОва треба девојките да го стават под перница, а во сабота мора да замесат тесто за Водици