Елена Ристеска со солзи во очите зборува за својот татко и открива зошто се развела од сопругот

0

Не постои среќа без тага, ден без ноќ, успех без пораз, љубов без болка… За среќа нема компромис, а истата ги следи само храбрите и искрени луѓе. Токму таква, храбра, искрена и борбена е пејачката Елена Ристеска.

Истрајна и упорна, лојална и ненаметлива, своја и различна. Во вечерното издание на „Бекстејџ“ пејачката со солзи во очоте зборува за смрттта на својот татко, но ги открива и причините за развод од сопругот Бојан.

Ова е само дел од најавата за емисијата која ќе се емитува вечерва во 23 часот, на Канал 5 телевизија.

Многу често посакувам, но не од аспект дека секојдневно ме демнат папараци па не можам глава да кренам, туку од аспект луѓето да ме доживуваат како нормална личност, а не оној „монструм” што успеаја да го искреираат од мене одредени индивидуи.

Боли кога прават од тебе сè што не си, а всушност никогаш нема да ја сменам одлуката да не демантирам и да не објаснувам за сè она што го изнапишаа за мене изминативе години. Не можам да сфатам како им успева на злобните да те исквернават и притоа мирно спијат, а народот не ги согледува вистината и вистинската приказна, туку верува во напишаното. Огромна неправда!

Денес секој може да отвори портал и да пишува сè што ќе посака, а притоа никој не одговара кривично за сето тоа. Се изместија вредностите. Всушност, на јавна личност-жена најлесно можете да ѝ наштетите со јавно уништување на нејзината чест. Нема полесен начин за одмазда. Сето ова ме заморува… А во однос на публиката која безусловно ме сака и слуша изминативе 15 години, ќе го кажам следново: да се родам уште сто пати – повторно би била ова што сум денес. Чувството на сцена ги заменува и ги ублажува сите болки и неправди, бидејќи единствено таму излегува вистината, преку моите авторски текстови и преку емоцијата во пеењето.

Еден ден, кога многумина ќе ја читаат мојата биографија, веројатно ќе се покајат за сето она што го мислеле, го сториле или го напишале. Еден стих од песна на Тоше вели: „…и на славејот камен фрла некој…”, а една друг, пак, вели: „што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи”. Колку поскоро народот сфати дека ние пејачите сме понормални од најнормалните луѓе, тогаш само музиката ќе остане да нè дефинира. Музиката е на прво место, сè друго е споредно.

Во животот имаше и подеми и падови, минатата година беше, би рекол, најтешка за тебе. Каква поука извлече од сето тоа?

Тешките мигови во животот те прават цврст како челик, издржлив, непобедлив, но и нетолерантен и посебичен. Затоа што сè дотогаш пред себе во животот гледаш една голема драма, драма која завршува во моментот кога ќе дојде најтешкиот дел од животот, тогаш паѓаат маските и остануваат покрај вас вистинските пријатели.

Почнуваш повеќе да си го цениш слободното време и да го поминуваш само со оние кои го заслужуваат. Едноставно, не губиш вееме на неважни работи и луѓе, затоа што веројатно забрзано созреваш, па се фокусираш само на приоритетните нешта во животот.

Мојот фокус во моментов се мојата работа и моите најблиски, така успевам полесно да направам дефокус од она на кое секој ден мислам, а тоа е загубата на татко ми.

Претходна статијаЗа среќа, здравје и плодност: Овие јадења во непарен број треба да се најдат на бадниковата трпеза
Следна статијаНародни обичаи за Бадник и Божиќ – вратете се што е позајмено и смирете се со тие што сте скарани