Елена Ристеска со солзи во очите: Да беше Тоше жив сигурна сум дека ние ќе бевме пар

0

Македонската пејачка Елена Ристеска гостуваше во емисијата „Еден на еден“, каде се присети на спомените на прерано загинатиот Тоше Проески

Како од женски аспект е возможно да се запознаеш со Тоше, а да не се заљубиш?- ја праша водителот Жарко Димитриоски.

Немаше некој што не е заљубен во него без разлика да го познаваше или не.

Така што сам си го даде одговорот на прашањето. Кога ние всушност се запознавме,најпрвин нели го познавав само како пејачот Тоше Проески, но подоцна, како што го запознавав како човек уште повеќе ми беше залепен за срце како човек, пред се како другар бидејќи со таков тип на темпо на живот и на професија каква што имаме ние, посебно во тој период бидејќи тој беше многу голема ѕвезда, а јас бев на почеток на кариера да речеме, некако не се замислував во некаква посериозна приказна.

Не знам зошто, но убаво знаев да си го исконтролирам тоа убаво чувство што си го имав за него“, раскажа Елена.

Елена Ристеска во интервју за „Бекстејџ“ призна дека Тоше Проески бил нејзина сродна душа и изјави дека доколку не засгинеше, голема би била веројатноста тие двајца да завршат како пар.

Симпатии меѓу нас двајца секогаш имало, но биле платонски и никогаш не преминале во ништо поголемо и посериозно. Со Тоше со поглед се разбиравме, тој беше моја сродна душа“, рече Елена, а на прашањето дали под сродни души мисли исклучиво на пријателство или , пак, на некои подлабоки и поинтимни чувства, пејачката одговори:

Да не задгинеше сигурна сум дека ние ќе завршевме заедно и ќе бевме пар, но за жал. се случи тоа што се случи и тоа е“, прокоментира пејачката со насолзени очи.

Претходна статијаМакедонската пејачка прозборе големата трагедија: Нашата ќеркичка секој ден прашува за тато
Следна статијаКонечно се огласи и сопругата на Врањеш – „Знаев за Карлеуша од самиот почеток“