Душко Тошиќ ќе мора да ги подели милионите со Карлеуша, немаат пребрачен договор

0

Го убрзал процесот за развод за да ги заштити парите кои ќе ги добие од Кина

Скандалот Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш и експлицитните фотографии кои излегоа во јавноста се уште го тресат регионот, а сопругот на Карлеуша, Душко Тошиќ, наводно веќе разговарал со својот адвокат и ја почнал постапката за развод.

Како што открил близок пријател на фудбалерот, двојката ќе мора да го подели целиот имот со оглед на фактот што немаат предбрачен договор.

Кога се венчаа Јелена и Душко не направија предбрачен договор затоа што тогаш Душко немаше некој јак договор. Поради тоа се што заработил Душко за време на бракот се смета за заеднички имот, а само во Турција има заработено повеќе од четири милиони евра.

Кога донесе одлука дека сака да се разведе затоа што не може да се носи со срамот и бламот кој што Карлеуша му го приреди, сфати дека му е најпаметно да го забрза целиот тој процес за да може да ги сочува парите кои ќе му легнат на сметка од Кина, открил пријателот за српски „Курир“ и додал дека Душко ќе се потруди да ги осигура своите деца на најдобар можен начин.

Откако изби аферата на Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш, медиумите прво го поштедија сопругот на пејачката Душко Тошиќ, па го сожалуваа и малтене сочувствуваа со неговата семејна трагедија, се срамеа со неговиот срам, и се чудеа со сето чудо зошто ѝ го простува сево ова, а на крајот решија да прочепкаат и низ неговиот веш за да видат да не има и таму некое пмомладо и посочно парче колач.

Наводно, имал афера со една од најзгодните српски манекенки Софија Милошевиќ. Таа неколкупати и го посетила во Кина, каде што настапува фудбалерот, а се сретнале и околу Нова година, кога Тошиќ беше вратен во Србија, дознава Информер.

Душко и Софија се запознале лани во октомври преку заеднички пријатели, а подоцна почнале да се допишуваат и да се гледаат. Тој одлепил за Софија, па дури и заедно излегувале и јавно се бакнувале на белградските сплавови.

По кратката афера, Душко им се вратил на обврските, но продолжиле да се допишуваат и повторно се виделе за Нова година иако Јелена и децата биле дома.

Софија е позната дека сака спортисти, а претходно беше во врска со фудбалерот Адем Љаиќ и со тенисерот Виктор Троицки.

Претходна статијаВладимир Путин во Белград дочекан како папа, врие народ по улици (ВИДЕО)
Следна статијаНова промена по поларните температури – Бидете подготвени