Добрила од Дојран прозборе за тешкото минато: Ме избркаа од родната куќа

0

Најстарата учесничка во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“, Македонката Добрила Ивановска Чабриќ зад себе има тешко минато. За време на војната нејзината мајка морала да ја продаде куќата и да заминат од Македонија.

Во последната сезона на музичкото шоу “Никогаш не е доцна“ целиот регион го освои 90 – годишната Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран.

Уште првото појавување на музичката сцена на „Гранд“, таа ги освои присутните и беше наречна “чудо од баба“. Секогаш се чекаше нејзиниот настап и да го наполни студиото со позитивна енергија.

На снимањата на „Гранд“ од Дојран до Белград пристигнуваше со нејзиниот автомобил, а неколку пати има изјавено дека среде ноќе оди и во казино за да ги масира жените.

Со нејзината ведрина и волја за живот таа стана фаворит во шоуто, а многумина ја обажаваат и „завидуваат“ на нејзината енергија.

За нејзиниот изглед и виталност зборува целиот регион, а со своите изведби успеа да расплаче многу музички ѕвезди меѓу кои и Цеца Ражантовиќ, Маја Оџаклиеска…

Добрила некогаш беше голема ѕвезда во Русија и Кипар, а денес ја нарекуваат „чудото од баба“ од Македонија.

„Потекнувам од мешовит брак, со татко Македонец и мајка Србинка. Некое време живеевме во Гевгелија, но поради Втората светска војна моравме да го напуштиме домот. Бугарите кои беа главни во Македонија и дадоа ултиматум на мојата мајка.Во рок од 15 дена мораше да ја продаде куќата и да ја напушти Македонија. Беше сама, бидејќи татко ми цело време беше на работа во Србија. Тогаш се преселивме во куќата на дедо ми во Пожаревац, вели Ивановска.

Добрила не сакаше да се пријави на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ затоа што на нејзиниот син не му се допаѓаат вакви емисии, но на инсистирања на пријателите таа се пријави и ја помина аудицијата.

Добрила е една од победнците на овагодинешното издание на музичкото шоу. Таа вели дека е среќна поради тоа, но не планира да застане.

„Среќна сум поради победата и ова е круна на се што работев досега. Не сакам да застанам, се надевам на некој ангажман во Белград и дека ќе добијам некоја монодрама. Мислам дека ќе живеам 100 години и имам време да направам уште многу работи. Не сакам по оваа победа да исчезнам како комета, вели Добрила.

Инаку, Добрила живее во Дојран, па секогаш кога треба да оди на снимање во Белград, таа патува со сопствен автомобил кој таа го вози. Со нејзината харизма, енергија и волја за живот ја освои публиката во регионот.

Претходна статијаВистинско чудо за Божик: Бебето Вања се разбуди од кома по 35 часа на -17 степени
Следна статијаВонредна временска прогноза: Циклонот „Давид” носи екстремен студ и нови врнежи од снег