Некогашниот тениски ас се присети на почетоците на својата љубовна врска со фолк-пејачката Лепа Брена
Двајцата својата прва средба ја опишуваат како судбинска и велат дека веднаш започнале љубовна врска, која после четири години ја крунисале со брак.
Интересот за нивната љубов бил толку голем што снимката од нивната свадба се нашла дури и на продажба на касети. Брена и Боба имаат две деца, а пејачката го прифати како свој неговиот син од првиот брак.
Во семејството на бившиот тенисер Слободан Живојиновиќ (55) никогаш не недостигаат поводи за славење. Додека изминативе години прославуваа родендени, дипломирања и годишници, 2018-та година ја обележи венчавката на најстариот син Филип и Александра Пријовиќ, кои наскоро ќе добијат и принова.
Боба се присети на потсети на почетоците на неговата љубовна врска со фолк-пејачката Лепа Брена, со која е во брак повеќе од триесет години.
Брена и јас се запознавме во октомври 1987 година и заедно сме веќе триесет и една година. Мал број луѓе од јавната сфера опстојуваат толку долго, но ние создадовме хармонично семејство, се сакаме и се почитуваме и тоа е она што е најубаво и најважно“, раскажа Боба за story.rs, додавајќи:
Многу е тешко да издвојам еден настан и да кажам дека ми е најдраг, но затоа можам да кажам што ми беше најтешко во врската со Брена. Нашата врска беше на голем испит во почетокот бидејќи јас постојано патував на турнири, а таа на концерти. Тоа беше време кога поради големата љубов и страст сакавме постојано да бидеме заедно, а моравме да ги усогласуваме нејзините концерти со моите турнири, што не беше лесно.
Ја одржавме врската благодарение на големите компромиси бидејќи кога сте вљубени, а саканата личност нема да ја видите месец-два, тогаш тоа ве боли. Но вистинската љубов изгледа секогаш боли. За среќа или несреќа, во почеток на 1992 година го повредив ‘рбетот кога го играв Дејвис купот против Австралија на Кипар.
Се обидов да ја санирам повредата, но не ми одеше, па одлучив да престанам професионално да се занимавам со тенис, да и’ се посветам на Брена и на нејзините концерти.“