Жестоки критики и тешки навреди за стајлингот на Вики Миљковиќ

0

Српскиот моден дизајнер Саша Видиќ не се штедеше на зборови кога го опиша модниот израз на пејачката Вики Миљковиќ.

Се чини дека ово пат беше најгруб во коментарите за нејзините комбинации. Видиќ за српскиот „Ексклузив“ коментираше колаж од стајлинзи на Вики, а беше и остар и духовит истовремено.

-Мислам дека Вики е моден абортус. Рециклажа на сите пејачки кои некогаш носеа сако и градник и градите им беа до брадата.

Можеби така го одмараат вратот , се потпираат на дојките, удри видиќ по Вики, па продолжи:

-Ти си рециклажа на рециклажата. Не постои, Вики, мода. Облечи елек, можеби така повеќе ќе те ценат, а што друго кажа погледнете од видеото:

Вики Миљковиќ на естрадната сцена во Србија е повеќе од 20 години. За тоа време понуди многу песни, но нејзината животна приказна е помалку несекојдневна и посебна.

Од девојче од Ниш, кое е родено во 1974 година, стана професионална пејачка. Во Приштина завршува музичка академија, а пресудниот момент во нејзината кариера се случува кон почетокот на 90-тите.

Подоцна го запознава Драган Ташковиќ и со него започнува врска. Родителите не биле за нивната љубов, бидејќи Вики претходно имаше еден брак.

Сепак, се венчаат и добиваат син кој го носи името Андреја. Уживаше во родителството и кариерата, но во 2015 година почнува вистински пекол за неа како мајка. Син и сериозно се разболува.

– Андреј неколку дена имаше температура која не можевме да му ја намалиме. Бевме на лекар, направија анализи и тоа траеше неколку дена. Кога се заврши и помислив дека е готово, ме разбуди неговиот плач и тоа што не му функционираа нозете. Тоа беше страшно, доби матичен спазам и тоа поради вирус, раскажува Вики.

Сепак, син и се излекува и сега е здраво момче на 10 години.

Извор: Вистина

Претходна статијаОва е ваша година: Хороскопски знаци за кои 2019 година ќе биде успешна на сите полиња
Следна статијаТрикови како никогаш да не ви замрзнат стаклата, ретровизорите, бравата и вратата од автомобилот