Турскиот актер Бурак Озџивит кој го клуми Кемал од Карасевда го одврза ќесето, па за своите баба и дедо, или мајката и таткото на убавата Фахрие која ќе му го роди првото дете, даде три милиони евра.
Тој им купил куќа, за нивното дете да има каде да си игра со нив и каде да седат кога се во Истанбул.
Кемал не штеди кога се работи за неговата сопруга.
Инаку Бурак минуваше низ многу тешки денови во својот живот.Имено, тој е загрижен за здравјето на својот татко кој не е во добра здравствена состојба.
Таткото на турскиот убавец неодамна беше опериран, а од зафатот е избегнат мозочен удар и му е спасен животот.Бурак оттогаш секој момент го минува заедно со семејството и татка си. Здравствената состојба на татко му многу го загрижува, иако лекарите го уверуваат дека се ќе биде во ред.
Турскиот актер Бурак Озчивит или кај нас моментало попознат како Кемал од турската серија „Карасевда“ во месец април ќе стане татко за првпат.
Тој во интервју за магазинот „Hello“, открива дека со сопругата Фахрие се пресреќни за новата животна улога која им претстои.
Актерката речиси е кон средината на бременоста, а сега среќниот иден тато на јавноста и откри дека ќе добијат машко бебе.
Тие од корен ги промениле животните навики и едвај чекаат кога во нивниот дом ќе пристигне синчето.
-Среќни сме и возбудени, тоа е чувство кое не може да се опише, вели атрактивниот турски актер.