Неколку сезони по ред имаме прилика да го гледаме кулунарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија, а на чело е водителката Александра Илиевска. Готвачите Марк и Никола заедно со нивните тимови секој ден прават различини специјалитети и го привлекуваат вниманието на публиката.
Што се однесува до самата водителка, неа секогаш може да ја видиме расположена и со позитивна енергија.Во претходните сезони, Илиевска имавме прилика да ја видиме со кратка коса и шишки.
Овој пат со новата сезона направи и нови промени, односно го смени имиџот. Имено, сега водителката нема шешики и има поразличен изглед. Меѓутоа, Александра се поколеба дали треба да го врати својот поранешен изглед, па јавно праша на социјалните мрежи.
Имено, на „Инстаграм стори“ таа ги праша своите следбеници дали да го врати стариот изглед со шишиките. Веруваме, дека водителаката добила одговори од љубителите на нијзината професија.
Извор: Вистина