Иако нашиве простори не се оперирани од скандали, напротив, ретко кога успевало толку долго да се премолчи скандал во кој се замешани луѓе од калибарот на ултрапопуларните Неда Украден и Лепа Брена.
Пред точно 30 години на „Југовизија”, избор на песна која ќе ја претставува Југославија на Евровизија, сосема неочекувано победи Дорис Драговиќ.
Пред самото финале на изборот Дорис ја напушта групата Море, со која требало да изведе песна на Слободан Ковачевиќ во титоградскиот РТВ центар.
На крајот Дорис настапи за ТВ Загреб со песната „Жељо моја” на Зринко Тутиќ.
Kако фаворити истата година се спомнуваа Неда Украден и Лепа Брена. Телевизија Загреб не ѝ даде ниту еден глас на Неда, поради, како што се пишувало тогаш, „големото влијание на Југотон”, кој што пејачката го напуштила и преминала во „Дискотон”.
Но, во пресрет на финалето, Неда и Брена веќе ги прославувале потенцијалните победи на изборот. Тоа фрлило дамка на „Југовизија”, почнало да се зборува дека изборот е наместен и дека победата ѝ е предодредена на Неда.
Вистината за ова и ден денес се крие, но очигледно е дека после сѐ што се случи во овие простори по годините, оваа дамка избледела и е заборавена.